1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Секоја вечер пред да легнам се молам. :wasntme:
     
    На Таа Сум и mac.mac им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    исто и јас секоја вечер се молам пред да заспијам бидејки господ не заборава секое утро да ме разбуди...и тоа не само кога нешто посакувам туку секој ден се молам некогаш да побарам нешто а некогаш да се заблагодарам на се она што го имам ако некогаш заборавам нека ми прости господ.амин
     
  3. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Mолитвата е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога, со Христос и со Неговата мајка, со сите светии. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Она што е постот за телото, тоа е молитвата за душата. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.
    Содржина
    [скриј]

    * 1 Молитвата во Православието
    * 2 Молитвата во Светото Писмо
    * 3 Фази во молитвата
    * 4 Видете исто така
    * 5 Извори

    Молитвата во Православието

    Животот и молитвата се меѓусебно неразделни. Животот без молитва е празен - во него недостасува најважното нешто; таквиот живот е живот површен, без вистинско значење, без длабочина: живот кој се задоволува само со видливите нешта и претстави. Таквиот живот ја нема разоткриено вечноста и бескрајноста. Светот, во кој живееме не е безбожен: луѓето сами прават да биде профан, но по својата светост тој е творевина на Божјите раце, и од Бога возљубен. Цената на тој свет во Божјите очи е животот и смртта на Неговиот Единороден Син - и токму за таа цена молитвата сведочи.

    Молитвата е лек за заболената душа и клуч со кој се отвора скровиштето на благодатта, преку која на душата ѝ олеснува.

    На еден свет монах ангел му открил кој след Му е најугоден на Бога во молитвата: „Почетокот на молитвата треба да се состои од славословија за Бога, благодаренија за Неговите безбројни доброчинства кои ги врши врз човекот; потоа должни сме со скрушен дух да ги исповедаме пред Бога нашите гревови; на крај, пред Бога може да се изнесат, со големо смирение, молбите на нашите телесни и душевни потреби, препуштајќи го услишувањето на Неговата волја.“

    Молитвата е највозвишено занимање за човечкиот ум; состојбата на чистота која се стекнува со текот на молењето, е највозвишена состојба; натприродна е преданоста на Бога во текот на молитвата.
    Молитвата во Светото Писмо

    Светото Писмо на повеќе места повикува и охрабрува за молитвата: Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш. (Пс. 49,15) Штом Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете ако го побарате со сето срце и со сета душа; барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори, зашто секој којшто сака добива, којшто бара наоѓа и на којшто тропа му се отвора. (Мт 7,7-8) Најпрвин барајте го царството Божјо и Неговата правда и се’ друго ќе ви се додаде. (Мт 6,33) Ако посакате нешто во мое име, Јас ќе ви исполнам. (Јн 14,14)

    Но молитвата не е само барање. Таа е и благодарност, и славословење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година, е една прекрасна и постојана молитва кон Бога. Треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва - напротив, треба самите да се принудуваме на молитва и тогаш кога не ни се моли и кога сме оддалечени од молитвата. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови, но со посветеност на молитвата и на Бога, според Господовите зборови: Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност ќе те награди јавно.
    Фази во молитвата

    * Прво, да се подготвуваме за неа со набожни мисли и чувства. Пред сè, треба да бидеме длабоко проникнати од мислата дека сме грешни и недостојни да застанеме пред Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили.
    * Второ, да се трудиме сè што е кажано во молитвата да биде со внимание и со разбирање; да внимаваме во смислата на зборовите што ги читаме или пееме. Никаква полза нема од молитвата, ако ја вршиме без внимание и разбирање.
    * Трето, да се молиме со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме тоа што го бараме.
    * Четврто, треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Само смиреноста, поправо сознанието дека сме недостојни пред Бога може да нè удостои со Неговата богата милост.
    * Петто, заедно со верата, во нашата молитва треба да се појават уште: трпението, постојаноста и неуморноста.
    * Шесто, и постот е многу важно помошно средство за засилување на молитвата. Ако молитвата е издигнување на душата кон Бога, издигнување со вера, надеж и љубов, тогаш постот е воздржување од сè што пречи на душата да се издигнува кон Бога. Постот е умереност во јадење и пиење и во другите животни потреби. Постот значи одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и други страсти

    Видете исто така

    * Господова молитва
    * Исихазам
    * Пост
    * Света Литургија

    Извори

    * Енциклопедија на православниот духовен живот, Свети Игнатиј Брјанчанинов. Белград 2005
    * Молитвеник, Дебарско-кичевска Епархија. Охрид 1995
    * Православен молитвеник, Брегалничка Епархија. Штип 2003

    Преземено од „http://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0&oldid=1168“
    Категорија:

    * Избрани статии
     
    На korisnichka и mac.mac им се допаѓа ова.
  4. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    † Молитва за мир во домот Боже на љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти Господе, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај не со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не раздели. Ти се опростувааш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отца и Сина и Светиот Дух.

    † Благодарствена Молитва Господе Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величаме како наш Господ, Владика и Добротвор, и коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам Милосрден Господе како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Твоите раби, така и понатака сподоби не да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој не да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, благиот и животворен Твој Дух Бог прославуван во едно суштество, секогаш да зборуваме за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин! Ние, Твоите недостојни слуги, Господе, откако незаслужно примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величаме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу, Боже наш во век и веков! Амин! Татко семоќен и предвечен Боже од кого доаѓа секоја дар и секое благо, ти благодарам за сите твои дарови коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен твој слуга и усрдно ти се молам: како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава ти оддаваме Тебе, на Отца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин.

    Молитва кон св. Наум Охридски за исцеление на болести
    Тебе, угоднику на живиот Бог, Науме, Чудотворче, кој си го исполнил законот на нашиот Бог и Спасител – Исус Христос и си здобил од Него живот вечен, ти се поклонувам со љубов и ти благодарам со смирение за безбројните твои чудодејства со кои си им помагал на немоќните луѓе и си Го прославил името на Својот Бог и Спасител. Тебе, верен слуго на нашиот Бог и Спасител, ти се даде благодатта на Пресветиот Божји Дух – бесови да изгонуваш, болни да исцелуваш, немоќни да подигнуваш, мачени да утешуваш и во сите неволји на луѓето да им помагаш.

    Заради тоа, ние, иако недостојни, те почитуваме како духовна свирка низ која се излева сила и небесна утеха врз оние на кои им е потребна, и со славословие Го прославуваме Творецот Кој ти подари тебе – обичниот човек таква божествена сила и достоинство. И сега кон тебе приоѓам со поклонување и умиление, праведнику и пријателу на Ангелите, преподобен оче наш Науме; не престанувај да се молиш за целиот Православен род Христијански пред Престолот на Пресветата, Единосуштна Троица – за праведниците и грешниците, за сите кои се на власт, за сите кои во неволји страдаат, за епископите, ереите и ѓаконите, ктиторите и дарителите на овој свет храм, за оние кои доаѓаат и се поклонуваат пред твоите свети и пречесни мошти, за болните и со вера упокоените, за старците и момците, за девојките и мајките. Светителу, оче наш Науме, човеку Божји, покриј ги нашите слабости и исцели ги нашите болести со твоите молитви.

    Уште се молиме, сега и за Божјиот слуга (име) кој страда од немоќ и неподносливи рани. Ако со нив се сврзал заради својот грев, или своите родители, или некои свои роднини и поради грев ја добил оваа болест, посредувај, о, ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа Кој те прослави, да му го прости гревот и раната да му ја исцели. Ако пак болеста е допуштена од Бога, по светиот Божји збор: Оној што Бог го љуби него и го казнува, го тепа секој син што го прима при Себе, милостиво замоли Го Семилостивиот и Седобриот Бог, да се смилува на овој Свој слуга и да не допушта поголемо страдање отколку што тој може да поднесе како човек. Луѓето се телесни и ништожни и ниедно страдање не може да се поднесе без благодатта на Бога, Кој нас не закрепнува.

    Светителу, оче наш Науме, брзо услиши не и исцели го Божјиот слуга (име) со твоите молитви, да не речат неверниците: Каде е неговиот Бог? О свет и преподобен оче Науме, покажи ја и на овој Твој слуга твојата сила што ти е подарена од Семоќниот Господ и која и досега си ја покажувал на безброј болни и немоќни кои и приоѓаат на твојата чесна рака со вера, покајание и молитви. Направи го целосен, здрав душевно и телесно; одгонувај го и изгонувај од него пакосникот на човечките тела – ѓаволот; закрепни го неговото тело со здравје и сила, за да може душата негова да се подвизава, кае и подготвува за Царството. Одгонувај ја од него предвремената смрт, за да може и понатака, со добри дела да Му угодува на Благиот Бог и да ја стекне милоста Божја на Страшниот Суд.

    Помоли се, о преславен Науме, чудотворче, за својот слуга (име), да му се простат гревовите волни и неволни, и очисти го од секаква нечистотија со твојот Свет Дух и со твоите свети молитви, оче наш Науме, па и во него да се прослави Светата Троица, Која тебе те прослави: Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Многу е силата на молитвата, но бидејќи ние немаме верско образование, од голема полза е да се консултираме со свештено лице, најдобро со духовен отец кој ќе знае како да не води низ тајните на верата.
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Феминки,дали знаете како се зема молитва од манастир,кое време се оди,ако знае некој нека ми пиши.Фала.
     
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Може ли прво да ни објасниш, што мислиш под тоа да се земе молитва од манастир и кој ти го кажа ова?
     
  8. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Вака бев кај една жена што гледа,и ми рече да отидам в манастир да земам молитва,појма немам ни јас како е тоа,вероватно дали некој поп да ти прочита молитва или...?Затоа прашувам ако знае некој како треба да ми кажи
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Драга Делфина,
    погрешно си постапила што си отишла кај гледачка, затоа што гледачите и бајачите работат со силата на ѓаволот и тие не и` се послушни на Црквата.
    Сепак можеш да појдеш кај било кој поп и да го замолиш прво да се исповедаш што си пошла кај гледачка и сите оние гревови кои не си ги исповедала никогаш во животот и се каеш за нив. Заедно со попот да се помолите да ти ги прости Бог гревовите и ако е можно да ти ги разреши. Потоа прашај го дали ќе ти дозволи да испостиш неколку денови и да се причестиш со Светите Тајни - Крвта и Телото Христово и да ветиш дека никогаш повеќе нема да одиш кај слугите на ѓаволот. Потоа, откако ќе му кажеш на попот каква мака те мачи, тој ќе ти прочита молитва.
    Вака ако си била кај гледачка, бајачка, ѕвездочатачка (хороскопџика) итн, џабе ти е молитвата да ти ја прочита попот. Уште повеќе ќе ти се руга ѓаволот и ќе се фали дека ете ти во се` го слушаш него, а не си Го слушала Христа Бога кој секое неделно утро со звукот на камбаната те вика да одиш на служба Божја.
    Сепак не плаши се, ништо страшно, Бог проштева и многу полоши и пострашни работи од одењето кај гледачка.
     
    На kuc, Таа Сум, Witchman и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Делфинче, сепак дојде до информација како се “зема“ молитва :) .
    Којзнае ова може да биде добра иницијација, дај Боже, еве по молитвите на Ортофил и на сите
    богољубиви души кои го читаат ова :angel: .
     
    На D-E-L-F-I-N-A му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Oд се срце сакам да ви кажам дека многу опасна игра е да се оди на бајачи, гледачи и слично, и уште поопасно е да ве упатуваат како што спомена горе феминката - да земаат молитви и слично. Tака може и животот да си го уништиме. Се гледа дека на многумина им треба, а воопшто и на сите нас, верско образование.Секој може да оди во црква, манастир и да побара духовен отец кој сигурно секого води по правиот пат, како што ве посоветува Oртопхилл.а воКАТЕГОРИЈАТА РЕЛИГИЈА има стварно поучни работи. Вие всушност сте имале среќа што вака некој може да ве насочи да го избегнете злото.
     
    На luvena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто велите бајачките работат со ѓаволот и гледачките? на секој чекор има такви кои гледаат на кафе и на карти и на ред други работи во нив и јас не верувам ,сум одела со другарки уште од средно,сега не ни мислам да одам. Верувам во некои жени кои им е предодредено да гледаат да помагаат на народот и кои имаат свои манастири изградено,во нив од срце верувам,како да не верувам кога ми помогнале и кога сум била до збор се ми кажа што и пренесувала Св Петка додека бев таму :) Инаку за молитвата се молев порано пред спиење и ми беше многу помирна душата, сега се немам молено одамна ,срам да ми е и на мене и на таквите како мене....
     
  13. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Mila RAMA, БИ ТЕ ЗАМОЛИЛА ДА ОДИШ ВО ЦРКВА ИЛИ МАНАСТИР И ПОБАРАЈ ДА РАЗГОВАРАШ СО СВЕШТЕНО ЛИЦЕ ЗА ОВИЕ РАБОТИ. Има од нив млади , стари , срцето нека ти каже кај кого сакаш да се обратиш. И ќе седнеш со него искрено ќе си поразговарате, ќе ја почувствуваш божјата благодат, аи таа особа што ќе ти помогне ќе биде среќна поради тоа што ти помага, ќе се моли за тебе и ќе осознаеш многу работи за кои овде нема место да се пишуваат.ОВА НАЈИСКРЕНО ТИ ГО КАЖУВАМ ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО и навистина сакам не само ти, туку сите да одат. ТОА ШТО ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧУВА ПОТОА НЕ МОЖЕ СО ЗБОРОВИ ДА СЕ ИСКАЖЕ, МОРА ДА СЕ ПОЧУВСТВУВА.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Кутриот „дедо“ Боже, бидејќи многу стар нели, па му оглувело увото и не може да ги чуе нашите молитви, па му требаат светители да му ги пренесуваат молитвите.
    Нема спас од ова врскаџииве. Кај на Земјава ги гледаме на секаде, па сега демек и на небото така функционирале работиве. Оф мори мајко...
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Зошто свети Павле вика молете се едни за други??? Не можел да пиши молете си се секој за себе?
    Како и да е, илјадници луѓе телесно оздравеле по молитви на св. Василиј, а миријади оздравеле и духовно.
    Патем оваа тема е за манастирите, а не за почитувањето на светителите. Те молам не ги уништувај сите теми.
     
    На Witchman, Serafima и kva им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Тоа апостол Павле им го вели на верните од овој свет, да се молат едни за други, да си споделуваат молитвени потреби, маки, бремиња и да се молат за нив. Апостол Павле не им се обраќа на верните што преминале на оној свет.

    И зошто апостол Павле не упатил ниту една молитва на некој светец, туку сите молитви му биле упатени до Бог?
    Зошто некој друг од апостолите не упатил ниту една молитва на некој светец, туку сите молитви му биле упатени до Бог?
    Зошто во целото Свето Писмо, кое изобилува со молитви, нема ниту една молитва упатена до некој светец, туку сите молитви се упатени до Бог и само до Бог?

    Да, да, таму некаде далеку во митовите и бапските приказни, но ниту еден медицински евидентиран и докажан случај! Ако некаде сум поминал доволно време, тоа се болниците. Еден куп луѓе ја бараа надежта во манастири, лековити води, бајачи, надри лекари и сл. Не им помогнаа во нивните болести.

    „Сèвишниот не живее во ракотворни храмови,“ (Дела на апостолите 7:48, Библијата)
    „Бог, Кој го создаде светот и сè што е во него, како Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови“ (Дела на апостолите 17:24, Библијата)

    Еве, иди на Онкологија, таму имаш стотици луѓе што се лечат од рак. Организирајте им екскурзија до некој лековит манастир и да видиме дали ќе се вратат здрави.
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Еве ти поздрав од Белградската воена болница:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... lv7YUCnizY

    Кратки одговори:
    1. Бог е Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на живите, а не на умрените. Што значи во Христа нема умрени.
    2. Православната Црква има светотаински пристап, а не бајачки. Ти овде се трудиш да докажиш дека ние (православните) имаме бајачки пристап што не е точно.
     
    На Witchman, korisnichka и adrijanka им се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Зар молитвата не е секогаш во самите нас?
    Треба да се каже за да се слушнат нашите мисли?
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    А кој рече дека во Христа има умрени? :o Јас само реков „верните од овој свет“ и „верните што преминале на оној свет“. Намерно се изразив со вакви фрази, за да потенцирам дека верните во Христа не умираат духовно, но ете, ти пак не ме сфати и ми укажуваш на тоа дека Бог не е Бог на умрените, нешто што јас ни имплицитно, ни експлицитно не го тврдам.

    Јас реков дека апостол Павле тоа „молете се едни за други“ им го вели на верните од овој свет, да се молат едни за други, да си споделуваат молитвени потреби, маки, бремиња и да се молат за нив. Апостол Павле не им се обраќа на верните што преминале на оној свет. Ако апостол Павле поучувал и практикувал упатување молитви до верните кои преминале на оној свет, тогаш одговори ми:

    Зошто апостол Павле не упатил ниту една молитва на некој светец, туку сите молитви му биле упатени до Бог?
    Зошто никој друг од апостолите не упатил ниту една молитва на некој светец, туку сите молитви му биле упатени до Бог и само до Бог?
    Зошто во целото Свето Писмо, кое изобилува со молитви, нема ниту една молитва упатена до некој светец, туку сите молитви се упатени до Бог и само до Бог?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Манастири со лековита моќ

    Ами , ако и на мене падне благодатта од Светата педесетница од пред 2000 години,
    и јас директно ке му се молам на Бог :angel: , се разбира.

    Толку е просто :D !

    О Господи , по молитвите на Пресвета Владичица Богородица, по молитвите на Св.Наум Охридски и по молитвите на сите Светии, спаси и помулувај ги душите нааааааашииииииии.
    Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух,
    Аааааааааааааамин :angel:.

    Да воскресне Бог и да се распрснат непријателите негови , како ....

    ( како беше натаму,... заборавив :D, а да како чад што исчезнува...
     
    На angelce1, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.