1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Се што треба да направиш е да се покаеш за своите гревови и да поверуваш во Господ Исус Христос и да се покрстиш - според зборовите на апостол Петар кој им ги кажа на насобраните луѓе веднаш по излевањето на Светиот Дух на Педесетницата:

    „А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух. Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”“ (Ап. Петар, Дела на апостолите 2:39, Библијата)

    Како што гледаш, апостол Петар вели дека ова ветување (за дарот на Светиот Дух) не било резервирано само за апостолите, туку и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ.
    Според Библиското учење, секој што ќе се покае и ќе поверува во Исус, се помирува со Господ и се враќа во Божјото семејство и добива статус на син/ќерка на Бог, а со тоа добива комплетна слобода да му се моли директно на Бог - т.е. онака како што му се молеле сите луѓе во Библијата, онака како што Исус поучувал да се молиме:

    „А кога (Исус) се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата,..... “ (ев. Лука 11:1-2, Библијата)

    Понатаму знаете како следи молитвата „Оче Наш“. Тука сакав да ви посочам дека учениците му дошле на Исус со прашањето „Научи не да се молиме“, а Тој во моделот на молитвата што им ја кажал јасно им кажал до Кого да ги упатуваат молитвите. Тоа важи и за христијаните денес.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Манастири со лековита моќ

    Не е смо за Апостолите, не секако.
    Ама има врска количината на благодат.
    Тавита кој ја оживеа?

    Во името на Отецот, и Синот и Светиот дух, амин :angel: :angel: .
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    „Бог не дава Дух со мерка.“ (ев. Јован 3:34, Библијата)

    „И, сите ние примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.“ (ев. Јован 1:16, Библијата)

    Бог преку апостол Петар. Апостол Петар во една прилика рекол:

    „А кога Петар го виде тоа, му проговори на народот: „Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, како ние со своја сила или побожност направивме овој да оди?“ (Дела 3:12, Библијата)
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    И каде во апостолот св. Павле вели да се молиме едни за други само дури сме на овој свет?
    Значи ти Евангелосе постојано си бил со сите 12. велики апостоли и сите 70. мали апостоли. Во ред, сега те молам да ми ги испратиш молитвословите нивни, а уште повеќе те молам да ми ги испратиш нивните служевници(книги по кои свештениците ги вршат сите богослужби во храмот). Постави овде а да знаеме и ние како се молеле.

    Истото ова го викале и светиите Хриситјански и го викаат и ќе го викаат дури век векува и свет светува. Само во истите дејанија апостолски има и како луѓето се допирале до хаљините и сенките на апостолите како би добиле исцеление.

    На нашиот црковен јазик:

    Да воскреснет Бог, и расточатсja врази Его, и да бежат от лица Его ненавидјашчи Его. Јако исчезајет дим, да исчезнут; јако тајет воск от лица огња, тако да погибнут беси от лица љубјашчих Бога, и знаменујушчихсја крестним знаменијем, и в весели глагољушчих: радујсја, Пречистиј и Животворјашчиј Кресте Господен, прогоњајај беси силоју на тебје пропјатаго Господа нашего Иисуса Христа, во ад сшедшаго, и поправшаго силу диавољу, и даровавшаго нам тебје Крест Свој Честниј на прогнание всјакого супостата. О Пречестниј и Животворјашчиј Кресте Господен! Помогај ми со Свјатоју Госпожеју Дјевоју Богородицеју, и со всјеми свјатими во вјеки. Амин.

    Огради мја, Господи, силоју Честнаго и Животворјашчаго Твоего Креста, и сохрани мја от всјакаго ѕла.

    Спаси Господи људи Твоја и благослови достојаније Твоје, побједи всјем Православним Христијаном нашим, на сопротивнија даруја, и Твоје сохрањаја Крестом Твојим житељство.

    На административниот ни јазик:

    Нека воскресне Бог и нека се рапрснат непријателите негови, и нека бегаат од Неговото лице оние кои Го мразат. Нека исчезнат како што исчезнува димот, како што се топи восокот од огинот; така нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бога и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат: Радуј се, Пречесен и Животворен Крсту Господов, Кој ги прогонуваш ѓаволите со силата на распнатиот на Тебе Господ наш Иисус Христос, Кој слегол во пеколот и ја сотрел ѓаволската сила, и Кој Тебе, крстот свој чесен, нам ни Те дарувал, а за прогонување на секаков противник. О, Пречесен и Животворен Крсту Господов, помагај ми секогаш со твојата света Владичица, Дева Богородица и со сите светии во вековите на вековите. Амин!

    Огради ме, Господи, со силата на Чесниот и Животворен Крст и запази ме од секакво зло.

    Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши Православни Христијани и со Крстот Свој заштити го Твоето наследство.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Манастири со лековита моќ

    Тоа кристално јасно се гледа од контекстот. Павле секогаш во своите писма им се обраќал на луѓето од овој свет, а не на луѓето кои преминале на оној свет, кои не би можеле ни да ги прочитаат неговите писма, ниту да ги слушнат неговите молитви. Имај предвид дека светиот апостол Павле не упатил НИТУ ЕДНА молитва до верниците што преминале на оној свет.

    Во ред, еве сега ќе ти докажам дека Христос, апостолите и сите Божји луѓе во Библијата своите молитви ги упатувале до Бог и само до Бог. Најпрво ќе започнам со јасното учење на Господ Исус Христос за тоа како треба да се молиме:

    „А кога (Исус) се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата,..... “ (ев. Лука 11:1-2, Библијата)

    Значи така се молеле Христовите ученици, а така се молел и Исус. Има многу примери, но ќе наведам само еден од нив:
    „Во тие дни (Исус) се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога.“ (ев. Лука 6:12, Библијата)

    Така се молел и апсотол Павле:
    „Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!“ (Филипјани 4:6, Библијата)
    „Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.“ (Ап. Павле, Римјаните: 10:1, Библијата)
    „Му се молам на Бога да не направите никакво зло,“ (Ап. Павле, 2 Коринтјаните 13:7, Библијата)
    „Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, кога ве спомнуваме во своите молитви,“ (1 Солунјани 1:2, Библијата)
    „А Павле рече: „Би Го молел Бога, со малку или со многу, не само ти, туку и сите, кои ме слушаат денес, да станете такви каков што сум јас, освен овие окови.” (Дела 26:29, Библијата)

    Така светиот апостол Павле ги учел да се молат и другите христијани:
    „Покрај тоа, ве молам, браќа, преку нашиот Господ Исус Христос и преку љубовта на Духот, да се борите со мене, молејќи Му се на Бога за мене,“ (Ап. Павле, Римјаните 15:30, Библијата)

    Така се молеле и христијаните за апостол Петар
    „И така, Петар го чуваа во темницата, а црквата постојано Му се молеше на Бога за него.“ (Дела 12:5, Библијата)

    Така се молел и светиот апсотол Јаков:
    „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.“ (Јаков 1:5, Библијата)

    Така се молел и Корнелиј:
    „(Корнелиј) беше побожен и богобојазлив со сиот свој дом; кој му даваше многу милостини на народот и Му се молеше на Бога постојано.“ (Дела 10:2, Библијата)

    И така натаму. Читај и во стариот завет како Даниел се молел, како Мојсеј се молел, како пророкот Илија се молел... ќе видиш дека сите тие се молеле на Бог и само на Бог.
    Погледни ги псалмите на Давид, околу 150 на број (од кои повеќето се молитви), и сите, повторувам СИТЕ до една, без исклучок, се упатени до Бог и само до Бог!

    Е сега, наместо да ми поставуваш дополнителни прашања, одговори ми на моите првични прашања кои по 3 пат ти ги поставувам:

    Однапред благодарам за одговорот.
     
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Манастири со лековита моќ

    Вие двајца, што само се расправате да ве прашам :tmi:?

    Абе Свети Серафим Саровски сигурно овие работи не ги знаел како вас,
    ама тој на крај го здобил Светиот Дух.

    Ова ви е само “сува лепота“ :) , без молитва.

    Молитвата, молитвата е царица на се.
    Додека трошите време на толку пишување ,
    да земевте Иусова :angel: да кажувате 100 пати повеке корист од вас.
    Може некој човек ке спасите со вашите молитви.

    Господи, Исусе Христе Сине Божји помилуј не. :angel:

    п.с. (ова додуша не е баш четиво за “слепи како нас“, ама не е лошо да се прочита, чисто ради ориентација, без да се оди во детали, оти можи чоек да се сопне.

    Едно е просветлен ум, а сосема друго начитан и интелектуален ум. Просветленоста е дар Божји на Богојавление на благодатта на Крштението во претходно очистеното со личен подвиг срце човеково и на Богооткровение на таму молитвено симнатиот и преобразуван од таа благодат човеков ум. Различен е патот до двете спротивставени состојби на умот и различни се нивните плодови. Просветлен ум може да има само оној кој преку послушанието кон својот духовен отец го става својот ум во процес на исцеление. Овој процес и подвиг завршуваат со добивањето на дарот на умно-срдечната молитва. Интелектуално развиен ум може да имаат многумина кои ќе се потрудат во таа насока, иако, никогаш нема да го достигнат во тоа таткото на секоја лага, клевета и раздор – ѓаволот. Плодови на првиот се единството на внатрешните сили на човекот (ум, волја и желби), контролата над недопреобразените страсти, како и градење на единството на Црквата – согласно местото што го има. Плодови на вториот се разединување на внатрешните сили, губење на контрола над главната страст славољубието, како и учество во рушењето на единството на Црквата – согласно местото што го има. Од едноставна причина, што интелектуалниот ум, и покрај најдобрите намери, нема внатрешен критериум на разликување (расудување) на демонските помисли, а демонот кај номиналните христијани (христијани само по име а не и по суштински дела) никогаш не настапува со отворено зла мисла. На таквиот нема да му се намали светлината, ниту ќе му се затвори срцето за умно-срдечната молитва ако само и грешно помисли, а камоли и да работи. Тој, просто, си тера...
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Молитвата може да биде дел од нас ако постојано се молиме во себе, како што тоа го правел подвижникот кој непрестајно во себе ја кажувал молитвата ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ, ПОМИЛУЈ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ. ТОЈ ВЕЌЕ И КОГА ПРЕСТАНАЛ ДА СЕ МОЛИ СО ЗБОРОВИ ЈА ЧУВСТВУВАЛ МОЛИТВАТА КАКО ДЕЛ ОД НЕГО. Тој појаснува како треба да се молиме, каде да ја почувствуваме молитвата, во кој дел од срцето, градите и да дишеме во согласност со неа. Тоа го успеале монаси и дриги верници.ТОГАШ СЕ ДОБИВА НЕКОЈ ВИД БОЖЈО ПРОСВЕТЛЕНИЕ. Тој подвижник ЗБОРУВА ЗА ТОА КАКО ГО РАЗБИРАЛ И ЈАЗИКОТ НА ПТИЦИТЕ И КАКО МУ СЕ СЛУЧУВАЛЕ ЧУДА. Јас ја добив скриптата од една верничка која стално оди во св. Димитрија, тааима обичај секогаш да ми подари по некоја книга или скрипта од православната вера која многу ми треба и затоа нека биде благословена. Тоа значи молитвата да стане дел од тебе. Аинаку ние стално имаме некоја молба и кога не се молиме Господ знае што ни треба. НО, ПОТРЕБНА Е МОЛИТВАТА,потребно е смирението потребна е верата, надежта и љубовта.Кога ќе се разочараме , ќе се разгневиме, ќе си речеме дека џабе било се тогаш нас не победил нечестивиот. ПОТРЕБНА Е ГОЛЕМА ВЕРА СО СМИРЕНИЕ И МОЛИТВА ЗА ДА ИСТРАЕМЕ НА бОЖЈИОТ ПАТ. Господ никогаш не не заборава, никогаш не не остава на цедило на крајот од краиштата. Само важно е што носиме во срцето каде и да сме: рајот или пеколот.
     
    На korisnichka, eticka, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Najednostavno:
    Molitvata e sredba so BOG :angel:!

    p.s.
    se izvinuvam za uptoreba na latinica, momentalno
    nemam drugi opcii
     
    На kuc, eticka и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :D :D :D
    Последниов коментар навистина ме насмеа од срце.

    п.с.
    ако не беше Тој :angel: , ти немаше ни да бидеш,
    но сепак чувството на благодарност е убава работа,
    колку е поголема благодарноста, толку повисоко “котираме“ кај Него ;) .
     
    На korisnichka и Gocaa им се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Влијание на црковните ѕвона на човечкото здравје

    (незнам во која тема би одел овој текст, па го ставив овде, звоната ме потсекаат
    на повик на молитва :angel: )


    Од дамнешни времиња познато е дека чумата не пустошела таму каде што многу и силно ѕвонеле црковните ѕвона. Ево што вели за тоа современата наука:
    Црковната музика, а особено ѕвонењето на црковните ѕвона, благотворно делува на човечкото здравје. Во руските лаборатории, со помош на експеримент, утврдено е дека осцилацијата на ултразвучниот дијапазон на црковните ѕвона ги одбива бацилите на чумата, потоа вирусите и други инфективни заболувања кои се пренесуваат преку ваздухот.
    Современиот руски научник, еколог и писател, Фотиј Јаковлевич Шипунов, управник на лабораторијата за истражување на биосферата на руската Академија на науките, со години го изучувал влијанието кое на својата околина го вршат православните храмови и манастири. Ево што вели тој за исходите на своите експерименти:
    “Манастир е небоземен поим. На манастирите непрекинато се спуштаат зраците на небеските сили кои оживуваат. Таму гори небескиот оган. Уште повеќе, тоа може да се провери и со помош на современите физички инструменти.
    Дури и таму, каде што останале само темелите на разурнатиот манастир, во време на големите празници, со помош на инструментите, може да се чуе Литургијата”.
    За ѕвоната, тие радосни гласници на црковните празници, весници на воскреснувањето и утеха за тажните, звоната кои го следат животот на Христијанинот од раѓањето до смртта, Шипунов вели:
    „Ѕвоното не е толку творба на човечкиот, колку на Божјиот ум. Ниеден математичар не е во состојба да ја пресмета формулата на ѕвоното, ниту равенката на неговото ѕвонење. Се обидувале и Флоренски, Ојлер, но не успеале. Јас верувам дека ѕвоното е создадено со помош на Божјото откровение.

    Исто како што е можно само така да се наслика добра икона. Така 12-октавната звучна симфонија на ѕвоната кои ѕвонеле во големите манастири какви што се Задонски, Данилов, Спаски, на растојание од седум километри, според податоците на мерењето – ги стерилизирала сите патогени организми. Тие не можат да ги издржат осцилациите на ултразвучниот дијапазон, а ултразвукот е многу силен енергетски извор со кој може да се сечат стебла, да се кршат тули. Пред дванаесет години ја истражувавме околината на Јелеховската соборна црква, за време на Божиќ. Кога ѕвонело големото ѕвоно, уништуван е вирусот на грипот.
    Сите епидемии кои наидувале од Блискиот исток на југот на Стара Русија, во бранови ги заобиколувале реоните во кои биле сместени многу поголеми манастири, цркви – каде што имало многу ѕвонење.

    Во Русија до 1918 година имало 80.000 цркви и 1.250 манастири, па звукот на едно ѕвоно се претопувал во звукот на друго. Така, според прсметките на научниците, над Русија се создавало силно заштитно поле, кое земјата ја штитело од големи епидемии. [/b]Ѕвонењето е создадено со Божествените сили заради јакнење на природната звукосфера.

    Црквата никогаш ништо не препорачува, ниту забранува од моралистички, прости човечки причини, туку врз основа на Божјото откровение за природата на човекот и космосот, како и за начините човекот и космосот да влезат во заедница со Бога.
    Во Христа, Словото и Смислата на човекот и вселената, зазвучела најубавата мелодија која човештвото отсекогаш нетрпеливо ја посакувало: мелодијата на Царството Небеско.

    Извор:http://preminportal.com.mk/content/view/12650/54/
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Светски познатата чума на средновековна Европа опустошила повеќе од една четвртина од населението во Европа. Оваа чума била позната под името „црната смрт“. Тоа најбруталната демографска катастрофа што човештвото некогаш ја доживеало. Станува збор за 14ти век, векот кога црковните ѕвона (камбаните) биеле секојдневно навестувајќи ја смртта на жртвите. Чумата ја погодила и источна и западна Европа, без разлика на големината на црковните ѕвона, без разлика на честотата на нивното ѕвонење, без разлика дали тоа биле православни или католички камбани. Овој факт сам по себе е доволен доказ дека црковните ѕвона воопшто не ги одбиваат бацилите на чумата.

    1. Тоа не го вели современата наука, туку го вели некој индоктриниран (идеологизиран) Руски православен писател. Интересно е како сите православни „чуда“ научно се „докажуваат“ во православна Русија, без јавно публикувани научни трудови, без извештаи за нивната експериментална работа, без повторливост на нивниот експеримент на другите места (каде би можеле да се уверат и неправославните научници нели). Се се случува таму некаде скриено во некој манастир. Зошто никој од овие сензационални научни откритија не добил Нобелова награда по физика, хемија, биологија или медицина? Ако овие експерименти се вистинити, тогаш комисијата за Нобелови награди без никакви натегања би дало Нобелова награда за вакво откритие.

    2. Инфективните заболувања (бактериите и вирусите) не се пренесуваат преку воздухот т.е. тие не летаат по воздухот како што летаат комарците на пример. Тие се пренесуваат од човек на човек, од животно на човек. Кога заразен човек стои во близина на здрав човек и кога заразениот човек зборува, од неговата уста излегуваат ситни капки (водена пареа) во кои се наоѓаат и вирусите кои потоа здравиот човек ги вдишува и се заразува. Затоа е препорачливо нели собите да се проветруваат и кога има некоја зараза, луѓето да не престојуваат во затворени простории каде што има многу луѓе.
    Ултразвукот може да ги брка комарците и некои други инсекти на кои овој звук им смета и тие бегаат/летаат подалеку од тој звук. Но вирусите и да сакаат не можат да летаат, бидејќи нивниот транспорт е човекот или животното.
    Со други зборови, ако попот е заразен од вирус, кога тој ќе влезе во храмот и вирусот влегува со него :) Ако попот кивне, ситните капки од неговата плунка нема да избегаат од ѕвоното на камбаната, туку ќе бидат околу него и ако има некој во близина, тој/таа ќе ги вдиши и ќе се разболи. Впрочем, според некои аналитичари, средновековната чума најмногу се ширела при погребувањето на заразените жртви. Ова било приметено и затоа по некое време свештениците не сакале да се приближат до мртвите тела, а исто така и роднините и пријателите на жртвата. Некои останувале во домовите да гнијат, а други пак плаќале слуги да идат да ги земат и да ги погребаат. Црковните камбани не можеле тука ништо да направат. За жал.
     
    На daylight и elisabeta им се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Во името на Отецот, и Синот, и Светио Дух :angel: .

    Уште од основно училиште, кога почнав да се социјализирам почнав да ги чувствувам нападите за начинот на кој православните христијани го исповедаат Бог и се останато околу тоа.
    Се навикнав на прашања од типот зошто постите, зошто се крштевате, треба да се чека да порасне бебето па тогаш да се крсти, па зошто ви се светители :angel:, па не ви треба литургија, сум добивала многу посурови прашања и критики отколку што е делувањето на црковните ѕвона.

    Не ми е јасно, зарем некој навистина мисли дека со тие прашања ке не премисли во исповедањето на верата? А уште помалку ми е јасно зошто некој постојано не “уходи“ :o .

    Во тоа размислување две работи ми паѓаат на ум:
    1. Или навистина Бог не ги милувал, па не им овозможил да ја почуствуваат Неговата благодат, од само
    за Него познати причини, и се разбира овде јас(и било кој друг) ништо не можам да сторам
    :wasntme:, за жал.
    2. Или пак од вечната завист на непријателот на човечкиот род, кој пак од своја страна, си има исто
    така свои избраници.

    И за двата случаи можам само да кажам: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј :angel:.
    Ни повеќе ни помалку.

    п.с.
    А да, еве и една интересна случка, Св. Серафим Саровски кога бил мал, си бил палавко кој се качил на селската камбанарија, којзнае колку била висока, и паднал долу. Сите мислеле дека малата душичка веќе треба да се пресели кај Бог. Но за среќа на православните христијани, се случило чудо, детето преживеало :angel: :) и сега го имаме Свети Серафим Саровски кој се здобил со Светиот Дух и кој е застапник пред Бога на милиони православни христијани ширум целиот свет.

    Имав прилика во 2010 година да се поклонам пред моштите на овој голем светител, фала му на Бога ја почувствував неизмерната благодат и смирение кое извира во присуство на овие светињи.
    (е тукму заради оваа точка, некои „шизофрени“ не мислат дека сме :),ама што ке му правиш)

    Свети Серафим Саровски :angel: , моли го Бога за нас.
    Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух :angel: .
    Амин.

    http://www.youtube.com/watch?v=r5wT39dV1mE

    http://www.youtube.com/watch?v=aqSrNoqZFlQ

    http://www.youtube.com/watch?v=4FgHsHp8Rck
     
    На korisnichka, angelce1, stylishh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    МОЛИТВА НА СВЕТИ ДИМИТРИЈ РОСТОВСКИ

    Дојди, моја Светлино и просветли ја мојата темнина,
    Дојди, мој Животодавче, и врати ме од смртта,
    Дојди мој Лекару, и излечи ги моите рани,
    Дојди, Огну на Божествената љубов
    и изгори ги трновите на моите гревови,
    запали го моето срце со пламенот на љубовта,
    Дојди, мој Цару, седни на тронот на моето срце,
    и владеј таму,
    да не бидеш осамен мој Царе и мој Господи
     
    На korisnichka, Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Верата е едно, а свештените лица се друго, тие се во нејзина функција. Но тие се сепак само луѓе . Ја извршуваат својата мисија и обврски, но човечки е и да се згреши. А за болестите мислам дека се оди во позитивна насока. Ако сакаш да се причестиш, духовникот со сигурност ќе ти рече ако си болен прво е лекарот и лекарствата кои не смееш да ги оставиш никако, ниту начинот на исхрана поради болеста и да не превземаш ништо на своја рака.Значи сепак се осовременуваат работите и така би требало да биде.
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Најубава молитва ми е разумната
     

    Прикачени фајлови:

    На korisnichka, Gocaa и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Знае ли некој да каже како правилно треба да се молиме?
    Во смисла што да читаме и кое време?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Минималниот минимум за секој Христијанин е на утро и на вечер да ја кажува барем „Отче наш“ и „Богородице Дево“. Потоа да се вклучи и „Верувам“ т.е. Символот на верата, па почетната молитва кон Пресвета Троица, псалм 50, тропарот на домашната слава, тропарот на светителот чие име го носиме, тропарите на заштитниците на помесната Црква (за нас Македонците тропарите на св. Климент и св. Наум Охридски) и „Достојно е“.
    Понатаму кога срцето човечко и човечката душа ќе жеднеат за Бога и молитва како жедна кошута за извор вода, се вклучуваат утринските молитви и вечерните молитви од молитвеникот. Следно е читање на катизми од Псалтирот и канони од Богородичникот. Врвот е постојаното (со секое наше вдишување) повторување на умносрцевата Иисусова молитва: „Господи Иисусе Христе, Сине (и Слове) Божји помилу(ва)ј ме грешниот(ата)!“. Но и да ги чита верникот само молитвите „Отче наш“ и „Богородице Дево“ не е страшно, бидејќи и тоа е подобро од ништо. Во секој случај не смее да се брза и да се префорсира. Полека треба да се навикнуваме на молитвата, а не на брзање, па потоа да ја заборавиме и изоставиме.

    Православни молитвеници на македонски јазик имате на овие адреси:
    http://www.scribd.com/doc/82546601/PRAV ... MOLITVENIK (второто издание на првиот македонски молитвеник; кој искрено ми се допаѓа најмногу)
    http://www.scribd.com/doc/24696648/Prav ... Molitvenik

    Православен молитвеник на црковнословенски можете да најдете на оваа адреса:
    http://www.molitvoslov.org/
     
    На kuc, Witchman, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    А да отидам со свештеник во црква да се консултирам прво?
    Или не мора?
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Па тоа ти е најдобро, нормално ако имаш свештеник во близина. :)
     
    На Witchman, korisnichka и Gocaa им се допаѓа ова.
  20. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Од искуство сакам да ви кажам дека најразумно е за молитвеното ваше правило да се консултирате со вашиот духовен отец, ако го имате. Ако го немате, многу е полезно ако сте православни христијани да го најдете. Духовникот знае што ви е потребно и како да ве води по патот на молитвата. Јас самата си одредував молитвени правила, преголеми за мене и згрешив си направив нешто во што не можев да се снајдам и едноставно ПАДНАВ СО ДУХОТ. И се разбира сето тоа му го кажав на мојот духовник, кој точно ме прочита и точно знаеше што сум згрешила и што треба да правам и се дигнав на нозе.
    зНАЧИ ТОА Е МОЕТО ЛИЧНО ИСКУСТВО ВО ВРСКА СО МОЛИТВАТА И ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КОРИСТ.
     
    На korisnichka, stylishh, luvena и 1 друга личност им се допаѓа ова.