Да, да се потсмират колку да подзастанат малце и подразмислат (being that nuclear wipeout of humanity is at stake here and all) Битно на 8ми Ноември да бидат смирени и еклипсиве да поминат, и сега на 25ти само да не му текне на Марсов нешто успат како last hurrah иначе наје*али смо.
Да беше само до положбава на планетите кога ќе се потсмират кога ќе се зачукаат... Кај што бев си поминуваат и си муабетат Руси покрај Украинци, сепак тоа беа премероци од оние поимашните што си имале можности и средства да заминат и да ги напуштат воените жаришта, а на нив ќе гинат оние другите без отворени опции нажалост. Ајде ако имаат планетиве некое влијание па зошто да не направат да нема воопшто војни...
Абе незнам дали е за смешки, ама и за време на Хирошима и Нагасаки беа активирани еклипса/еклиптична оска/Марс/ Венера / Орион. Ај сеа да идам да отворам некоја по лајт тема, сама си се сморив.
@INNERBEAUTY можам само да ти честитам за исцрпните, несебични објаснувања Иако разбрав само 10% од се што е објаснето (не сум баш информирана на оваа тема), ми беше задоволство да те читам, а исто така и доста забавно и покрај тоа што случајно заглавив тука p.s Имам само една 30 годишна дилема за мене и се надевам дека би можела да ми ја разрешиш (sorry ако не влегува во темава и ако прашањето е глупаво - сепак постои) Никогаш не дознав што сум најточно во хороскоп (тропички ако добро разбрав), дали овен или бик? Роденден 20ти април (06:45h). Каде и да проверам, кој и да прашам - секогаш добивам различен одговор пошто нели тогаш е „пресекот“ на знаците
Зошто ова сега го гледам? Одговорот е зошто луѓето имат слобдна воља покрај влијанието на планетите и луѓето упорно инсистираат да прават војни.
@INNERBEAUTY Што се дешава периодов астролошки? Ме интересира какви се моментално работите? Нешто како да планирам едно, ми искача друго..близнаци сум во хороскоп. Дали имаат врска и соларните флуксови што се случуваат периодов? Или еве читам некоја зелена комета новооткриена била на близина до Земјата за да се набљудува... Дали ваквите небесни тела и појави се смета дека влијаат или само се гледа положбата на планетите? И што мислиш за оние астролози кои ги користат своите вештини за да наоѓаат исчезнати лица, криминалци што се кријат негде и што прават анализи за форензички цели. Имаше една на Јутуб што со помош на астролошки калкулации од одредена точка на мапа, на пример од место на кое е најдена жртвата одредува во кој правец/област/периметар е најголема веројатноста да се наоѓа убиецот. Еднаш и успеа да погоди каде е телото на исчезната девојка а друг пат точно опиша подинстиктивни физички карактеристики на убиецот. Сега ќе ја споделам, па види на што ти личи. Ме интересира твоето мислење, јас првпат гледам вакво нешто и сум воодушевена. Жената се снима додека прави пресметки и објаснува како доаѓа до информациите: https://youtube.com/@theforensicastrologer
@Cosmic Girl Мислиш попреченост во акција? Марс ретро во Близнаци? На тоа ми мириса највеќе, иако треба цела карта да се види што седешава и каде. Цела есен/од Октомври е Марс ретрограден во Близнаци, утре преминува во директно движење. Евентуално овој Меркур ретро од Новогодишна вечер( во конјукција со Сонце, му влијае и на Сонцето), ама тоа више на когнитивно ниво влијае, поголема расеаност и проблем во комуникација, поготово за Близнаци. И најбитно сега што се дешава и осеќа е преминот на Сатурн од соѕ. Јарец-Водолија(троп. Водолија-Риби). Напорен е и може да доведе до потешкотии и попреченост сега при излез од Јарец. За тоа од кога го оставам пост за после, има толку да се пишува што се дешава и ќе се дешава наредниве 2-3 год. Но битно се спремаме да го испратиме, откако последниве 2-3 години не измачи сите во Јарец. Да цитирам еден астролог (со кого целосоно се согласувам) што го и сумира генерално вајбот овие 2-3 години, а поготово есенва ; Omg will you please just get out of the sign already! Spoiler: . Она збореше и за Сатурн во тропик Водолија. Во Водолија е помалце напорен, но по хиперактивен и исто така може да доведе до попречени планови, он те носи таму каде што (он мисли дека)треба да обратиш пажња, не каде што ти сакаш. Како и да е и во двата случаја бара трезно, долгорочно планирање и труд околу исполнување на плановите и пренесување на дело (он на крај и го наградува трудот). За соларните флуксови да, имаат влијание. Исто и за форензична/локациона астрологија и координати да, може. Повеќе околу ова (има многу да се пишува) во понатамошен пост.
Љубопитна сум Миксаш тропски и сидерален?....поради Сатурн во Јарец прашувам....неколку пати спомнуваш,нејасно ми е..
Сатурн последниве неколку години во троп.Водолија, Сонцето минува овде (и со тоа го активира и прави ефектот појак) во периодот од Јануари/Фебруари и активира значајни (глобални) настани, што и имавме можност да проследиме (2020,2021, 2022). Оваа година 2023 нема да биде исклучок, што више ќе биде extra some. Годинава и официијално (Сатурн) преминува во соѕ. Водолија, каде што е поизненаден отколку во Јарец каде што believe it or not беше поконтролиран и резервиран и со тоа официјално ја започнува сезоната на изненадни(wtf настани). наредниве неколку години Така што спремајте живците ваљда. 2020,4та година по ред, (ама овој пат малце со повеќе памет и научени лекции ваљда). Spoiler: . Ефектот почнува наредна недела/ 31ви Јануари и ќе трае цел Фебруари.
Понекогаш пробувам да стокмам нешто укратко во неколку реченици набрзина, ама не ми успева, па резултатот е ова. Имајте разумевања. Aј сеа да преведеме малце. Повеќе околу ова(Сатурн во соѕ.Водолија 2023-2025) и ова покасно во понатамошен (ваљда попозитивен) пост.
@INNERBEAUTY И за јарците каква ќе биде 2023та година? Очигледно последниве 3 години ептен се изнамачивме , нешто не ни беше како што треба... Дали е така и кај другите Јарци? јас сум родена на 04.01
@sani за она што го зборевме на 13ти (Фебруари) е. Иначе овој период (од средината-крајот на Јануари) до почеток на Март (преминот на Сатурн од соѕ. Јарец во Водолија) важи општо за сите. Она што е насобрано/ емоции/фрустрации (од последние неколку години поготово) излегува на површина и тоа more often than not нагло, (периодов и може да се примети дека луѓето се понервозни и ''оn the edge''). Како и во односите генерално ствари и зборови(па и разводи) можат да искочат ''од нигде'', внимателно што изговарате и како комуницирате. Како и наредните 2-3 години углавно. Добрата страна на Водолија е што е знакот на излекувањето. Психотерапии( психотерапевтите ќе си имаат работа да не му ја мислат) како и другите области на лечење меѓу другото ќе бидат фокус. И како што може да доведе до разрешување/прекинување на односи може да доведе и до разрешавање на конфликти( па и враќање на стари прекинати односи, конткти и личности). Исто така лични излекувања( физички и психо-физички).
@buba4e89 И Лавовите(тропички) се афектирани после Водолиите( исто тропички) највеќе од ова горе наведено и годинава. Исто так и тропички Риби и Девици. Најдобро е секој сам да си види во натална дали има нешто онаму каде се дискутира во темава и како тоа би го афектирало. Ти Бубаче мислам и памтам имаше нешто. Потоа може да пише и се упати како да се информира и припреми најдобро за тој транзит. Во тој концепт е замислена темава, за дисусија. Како и општо за транзити. Воедно и до другите што ми пишувате и во лп за натални карти, превише ми пишувате, немам толку време, не може тоа во два-три збора да се каже, треба да се погледне темелно картата Spoiler: . и враќам само доколку приметам тежок и јак транзит/ поврзано со темата. А и темата е да си дискутираме сите, не е отворена како личен блог/консалтинг.