За шкорпиите како ќе биде? Од 2020 па навака се некако како да сме заглавени во едно место или грешам
Шкорпиите го имаат Јужниот Јазол за ''кривац '' последнава година-две во нивниот знак. Стагнација е честа за време на транзити на Јужниот . Оние што имаат планети/Сонце или Месечина во Шкорпија можеа/можат д аго осетат неговиот ефект. Исто битно е во кое поле се наоѓа/ат Јазлите, оносно секогаш афектираат одредени полиња/куќи, кога Јужниот е во одредено пр.1во, Јужниот е во 7мо и го афектира спротивно. Полињата се гледат и започнуваат со подзанкот, односно подзнакот е автоматски прво поле, знакот по него 2ро итн. Јужниот се бави со враќање и бавење со ствари од минатото, расчистување или продолжување со исти зависно од личноста. Најдобар општопознат пример за ова се Џенифер Лопез и Бен Афлек (и двајцата имаат Месечина во Шкорпија). Наспроти нив Биковите поради Северниот во нивниот знак си имаа/т новости и новитети. Иако годинава(летово) чворовите од Бик-Шкорпија преминуваат во Овен-Вага сепак и Шкорпиите и Биковите ќе бидат сеуште афектирани и оваа година.
Полесна ќе биде оваа, можда похаотична, но помалку напорна. 2021ва и 22ра беа напорни и застојни за сите највеќе поради Сатурн во соѕ.Јарец/троп.Водолија. Највеќе за фиксните тропички (Водолија, Лав, Шкорпија и Бик, поготово Водолии) Веќе почнува да се осеќа опуштеност, од пред некој ден Сатурн и официјално е во соѕ. Водолија.
Сонце во соѕ.Риби(15 Март-13 Април) Нова месечина во соѕ.Риби(21 Март- 20 Април) Мотото овој период е Go with the flow. Ако заедно со планинскиот Јарец ги симболизира планините кои ги искачуваме, Водолијата планинските извори и реките, Рибите ги симболизираат морињата и океаните, така овој период се наоѓаме и бавиме со морето(од емоции /во целосен спектар, лични и колективни). Овој период можни се наливи на емоции, или враќање на стари емоции. Како и чувствување owerwhelmed, како во bubble of emotions. Ова може да биде позитивно и негативно. За разлика од Сатурн во Водолија кој е потрезен,поструктуиран и конструктивен, Јупитер/Нептун во Риби знае да биде во негативна смисла баш екстремен и токсичен. Доколку се чувствувате overwhelmed, добар начин за враќање во баланс бидејќи Рибите знаат да не однесат баш длабоко во умот, психата и светот на емоциите, се физички активности, движење, вежбање и прошетки. (Сонце во тропик Овен) Кхм, и повторно Spoiler: . Меркур во соѕ.Риби Поради овој Меркур во Риби можете слободно да заборавите на било каква оранизација месецов. Можнa последица е и расеаноста, поправка, многу можнa на Меркур во Риби. Овој период е за бавење со медитации, духовност и личен развој. Јупитер , Нептун и Риби исто така имаат веза со се поврзано со (безвременскaта) музика, уметност, поезија, театарот и филмските платна, така што пуштете си/потсетете се на некое класиче, па и по која солза од воодушевување, воопшто да не му ја мислете. Се е тоа добро за душа. А може и со чаша вино да се зачини. Pisces vibes Spoiler: . Порди должината на првичниот пост морам да го скратам, па во понатамошен/и да се надополнам, многу ќе е долг иначе.
Пошто месечината е во Девица овие два дена се грижиме за себе. Се грижиме за своето тело и здравје. Кога месечината е во Девица идеално е за средување на куќа, али и за чистење мисли и чувства. Меркур преоѓа во Бик денес. Уран и Венера и тие се во овој знак. Комуникацијата ќе успори. Стануваме мрзливи за комуникација. Успорени сме ама и темелни. Меркур ќе биде ретро од 21. 04 и ќе биде ретрограден се до 15. 05
Денес е главна тема Фокус. Изазовно е со концентрација затоа што аспектот Месечина и Нептун влијае повеќе да одмараме. Дури сме заборавени, успорени, поспани... Али денеска сме баш интуитивни. Овој аспект може да покрене илузија али и интуиција. Добро е ако некогаш ги измешаме овие два поима. Збунетоста не учи да ја разбереме својата илузија
Денес е фокус на полна месечина во c.Девица, баш напротив ни дава оддишка малце од дружбава со Јупитер и Нептун во соѕ. Риби и можеме да рационализираме полесно (од толку многу чувства). Оддишка, тоа е од цел месец(и повеќе) Сонце во конј.Јупитер и Нептун во соѕ. Риби со нова месечина во Риби,пред некој ден и Лилит месечина во c.Рак и за кој ден еклипса/полна месечина во т.Шкорпија(и се тоа во рок од еден месец). Чувства насекаде, чувства горе, чувства долу, лево, десно, мои, твои, наши, чувства насекаде. Ама малце само, зошто сепак и не е преолема(оддишка) зошто сме во еклипс/полна месечнина зона официјлно од вечер, така што не ја земајте здраво за готово.
Полна месечина во Вага. Сакаме мир во себе, а толку нешта се на површина. Како да имаме две страни. Една која е ок и во баланс, додека другиот дел од нас како да осеќа тежина. Ќе приметите ова утро вакво нешто доколку е присутно во вас. Не мораме да бидеме во склад, да сме секогаш среќни ако постои нешто што не повредило
Сатурн ретро (тропик Риби/соѕ. Водолија, од 17 Јуни до 4 Ноември, потоа преминува во директно движење до крајот на годината): Que le jou commence!
Лунарниот календар за 2023 година. На втората (се надевам) може да се види било кој ден во кој знак и која фаза е. Spoiler: . (со мало задоцнување)
Иначе добри сите, Венера(моментално ретро, од 22 Јули до 3 Септември, ни ги разубавува летните Изгрејсонца и Зајдисонца, во конјукција со Сонце(тропик Лав, соз. Рак/Лав). Не е лошо нели.
А од 23ти Август Меркур ретро, во конј. со Марс, цел месец, во Девица. Така што и луѓето а и модераторите да си се спремат, медитираат, релаксираат и припремат психички навреме, да не биде после никој не кажа.
Јас имам многу лошо искуство со натална карта од еден наш реномиран астролог. 99% ми имаше предвидено се лоши работи (не го кривам, ама многу е бед филм да те исплаши а реално и погоди доста)
https://forum.femina.mk/threads/Натална-карта.1420/page-68 Оди ваму. Е таман го погоди моментот, јас таман ќе плашев луѓе со предвидувања за есенва, ама сега се предомислив по ова.
Ако Венера, заедно со Меркур(во конјукција со Сонце) беше знакот за ова мирно лето(бар психички), Марс- Меркур конјукцијата почнувајки неделава се до Јануари ќе ја обележат есенва. И повторно Марс во Шкорпија како и пред две, односно 4години, прекрасните есен/зима 2019-20 и 2021-22, со нагласок на оваа вторава, do what you want with this information, јас ќе ќутам. +Меркур во микс, проблеми со комуникација, информации, медиуми, ментално здравје/анксиозност. И не само за време на овој транзит, this goes without saying, ама ај бидете екстра внимателни во сообраќајот/позади воланот овој период. Spoiler: . Лани Венера беше во конјукција со Сонце есента и ни даде релативно мирна есен +Јупитер во соѕ. Риби, Сатурн во Јарец каде е иако напорен, сепак мирен за разлика во годинава Водолија, и Јупитер во Овен. Што би се рекло, хаос. Така што со смајли или без се надевам се одморивте летово. Искористете го денес денов до максимум последен ден од конјукција Венера_-Сонце, зошто од утре, т.е. неделава се мењаваат енергиите.