Сакам да почнам да го читам Новиот завет (ама лани кога почнав ништо не се разбираше многу ми беше тешко да разберам и плус многу време тоа дешифрирањето одзема) па ќе видам, ако ми тргне овај пат ќе го прочитам.
Ха, знаев дека ќе излета ваков коментар ама не на ваков начин Ти навистина - ??? Мој, твој, Петрин, Стојкин народ не ме интересира никаква историја, нит за Македонија, нит за Америка нит па некоја друга. Пази богати шо човек ќе бев, туф! И мене не ми е јасно. Книгата ја читам од прва причина што веќе сум ја започнала и не сакам да ја оставам на пола и од втора причина што треба да ја прочитам за на училиште.
"Исповед од харемот" од Бранко Миленковиќ. Доста интересна книга пишана според вистинска приказна. Посебно ми се допаѓа бидејќи цел живот стравувам да не се најдам во иста ситуација.
Враќање дома --- Даниела Стил (и да ви кажам очекував повеќе од книгава, убава е ама не е нешто нај нај)
Забегана сум по Рускава литература. И така сум дома ке прочачкам низ книгите од комунизмот По цели томови купувале, брее што убави корици имаат со кармин црвена боја, испишани со златни букви, со мирис на стара хартија. Ги обожавам! Мислам дека по втор пат ке ја читам Ана Каренина. Безвременска е !
Странецот - Албер Ками Спојлер Добив многу негативни критики за книгава, мене до сега ми се допаѓа. Добро, може ме нервира стилот на пишување. Како ретардиран да е авторот, премногу кратки, обични, просто образувани.
Небеска Темјановна-----Петре М. Андреевски Вистинска приказна, на почеток сум, а жената од книгата е уште жива, живее во Скопје (и се било вистина како што кажува таа) Спојлер Така беше некако, што знам како беше. Не било едно и не било еднаш... Е, сега, можеби нешто сум изумила, а може нешто и сум скрила. И маската што е маска, не кажува дека магарето и е татко. Секогаш ќе ти рече дека коњот и е вујко... Така и човекот...
Робин Шарма - Калуѓерот што го продаде своето Ферари Сеуште сум на почетокот, но книгата доста ме заинтересира.. Читав доста позитивни коментари па чекам да видам како понатаму.