Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон Конечно да се одблокирам и да започнам повторно асално да читам. 50 страници се лизнаа за миг, предобра. Се надевам нема да ме разочара.
Полиња со диви нарциси - Винка Саздова Е стварно книгава е супер и кој ја нема прочитано да ја прочита
Баш сакав да ја купам,фала ти за препораката,ако сакаш да ми кажеш што е содржинатa? ФАЛА однапред Моменталнo ја купив да ја читам Страници за нашата љубов-Николас Спаркс,уште не сум почнала но мислам дека е убава
Па се работи за неврество кое ќе ја доведи Сара (главната улога во книгата) да замини што подалеку од дома без никој да знај кај се наоѓа. На железничка ќе се сретни со една старица (и таа ќе се вика Сара)со која ќе имаат слична приказни (за тоа како и таа пред 50 год. заминала) и ќе оди кај неа во Загреб. Полека полека ќе почнат да се одкриваат работите кои ќе те остават во неизвесност се до последната страница. " Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа" Мисалм дека доволно те воведов во книгата Одкако ќе ја прочиташ кажи мислење
Небото паѓа - Сидни Шелдон. Не ми е се допаѓа којзнае колку, сите негови книги се некако слични, секогаш претпоставувам што ке се случи. Еве приметив дека оваа книга и „Гневот на ангелите“ се слични, затоа што главните личности во двете книги се репортерки во војната во Србија, и двете земаат дете сираче од војната, го посвојуваат, и во двете книги детето е сакато т.е. без рака. Прочитав неколку коментари за Шелдон дека пишува сценарија а не книги и така е. Кога читам како да гледам филм а не како да читам книга
Во Гневот на агелите главната личност е Џенифер Паркер и е адвокат, а не репотерка и нема никакво дете, изгледа си ја помешала со Пеколни планови.
Vo faza na chitanje ZASEKOGASH VO SRCETO - Vesna Dedic. Dobra kniga , mnogu realna ja preporachuvam [mod-kirilica:iu2jqgqc][/mod-kirilica:iu2jqgqc]