Затоа што те љубам - Гијом Мисо Ме привлече кратката содржина на задната корица од книгата и веднаш ја купив. Прочитав 50тина страни и не ми се остава книгата додека не ја прочитам до крај..
Денес ја започнав, ми се допаѓа штета што во последно време сум презафатена и некако книгите си ги запоставив!!
Ја прочитав и првата книга Confessions of a Shopaholic и од толку прочитани книги досега ова е прв лик толку да ме изиритира. Сепак, упорна сум и сакам да видам како ќе заврши, па ќе ги прочитам сите книги )
Норвешка шума на Мураками. Како што слатко ја впивам и никако не можам да се принудам да ја пуштам од рака, ништо чудно да ја завршам до утре. Мураками бре, што може да се очекува?
Незнаење - Милан Кундера Ме воодушевува. Јас првпат го читам човекот и стварно можам само Две слични судбини кои се раскажуваат паралелно, за себепронаоѓањето во родната грутка после многу години враќање назад. Обид за средба на маж и жена по после толку години поминати и после само една кратка средба во минатото на која тој воопшто не се сеќава, а таа никогаш не го ни заборавила. Едвај чекам да видам што ќе се случи .
Шепнувачот- Донато Каризи ама е интересна...препорачвам на сите шо си сакат криминалистика и мистерија
Денеска ги зедов Ќерката на мојата најдобра пријателка-Дороти Кумсон и Руска зима-Дафне Калотеј и од прееска меркам која прва да ја почнам И се решив за првата, па сега ќе си се подвиткам под ќебенце и се фрлам на читање.