Харуки Мураками - Јужно од границата, западно од сонцето Денес ја земав. Се надевам дека нема да се разочарам.
caroline.costa да ја вратеш побрзо! Немој кога ќе ја побарам во библиотеката да ја нема Никаде без ќерка ми оти библиотекарот ми ја тупна во раце. На оваа е убава... Е на де... Па трогателна приказна, брзо се чита.... Друго немам што да кажам.
Перл Бак - Дух и тело. Книгава е всушност за нејзините родители, првиот дел Прогонство е за животот на нејзината мајка, а вториот дел Воинствениот Ангел е за нејзиниот татко. Ама некако ми ја нема магијата како во Мајка и Добра земја, премногу историски е напишано.
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма Книгава знам дека е бестселер и не се сомневам дека е добра, претходно од овој автор ја имам читано 'Кој ќе плаче кога ќе те нема" . Психолошка книга за самопомош и лично надградување. Писателов го следи стилот на Ог Мандино за кој и самиот има кажано дека му е еден од омилените автори.
Грех нење маме- Мир Јам- ја обожавам оваа писателка и нејзините трогателни романи. Премногу стара книга, ама убава
„За љубовта и другите демони„ - Маркес. Вчера ја почнав и ја прочитав скоро до половина, се надевам дека денес ќе ја завршам, мене човеков и натаму ми е исто магичен како и првиот пат кога ја имав во раце „Сто години самотија„ и секој допир со неговите дела е права раскошна гозба за умот, .