Светецот, сурферот и директорот - Робин Шарма Толку многу ми се допадна Калуѓерот што го продаде своето ферари, па продолжувам со друга книга од истиот автор.
Денес ќе ја почнам "Женскост и расчленување на психичката личност" од Сигмунд Фројд. Не очекувам да биде нешто посебно интересна, но знам дека ќе ми го помати умот и ќе ме тера на размислување.
Сосем едноставно - Питер Џејмс. Многу добар трилер, повеќе пресврти што те оставаат со подзината уста. Кои се клаустрофобични ич да не ја почнуваат.
Ти благодарам за препораката книгата е феноменална,начинот на кој што е пишувана е за пофалба со многу едноставен речник и со цитати кои се преубави.
Каква е книгата? Пред малку тој што продаваше на работа ми ја даде и таа ама не бев сигурна дали да ја земам некако не ми ветуваше многу, сурферот - директорот Подели мислење кога ќе ја прочиташ
Моментално читам Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер...на почеток изгледа интересна ќе видиме понатаму.Многу ми ја испофалија, а и била вистинска приказна
Калуѓерот кој го продаде своето Ферари ја земав пред некој ден да ја читам. Спојлер Опис: Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен живот, живот исполнет со изобилство и радост.
Ја почнувам ,,Белата тврдина,, - Орхан Памук...со импресии се јавуваме подоцна (брзината зависи од обврските), мада не се сомневам во овој ,,контроверзен,, гение на модерната литература