Дамата со камелии -Александар Дима(синот) Класика, нема утка. Многу сакам вакви книги каде што преовладува раскош, тантела, велур, величествена женска убавина, манири...
Ја дочитав денес Плодовите на земјата од Кнут Хамсун, мислев дека ке биде досадна ама погрешив ја почнав одма Ако ангелите горат од Лин Веил, ама само неколку страници, засега немам коментар ама според тоа што е напишано на корицата позади мислам дека е многу добра
Улис,Џејмс Џојс...навидум лесно,но факинг тешко,но мене ми е сосема доволно прекрасно. Нема фасцинантни изрази,ниту се труди да ве импресионира со речитост,ама затоа...сплетот на настани и целиот концепт на делово,контраверза и алудирање на нешта (всушност тука ќе увидите дали и колку сте се описмениле и научиле од тоа што сигурно сте го прочитале,ако не друго ) кои и не се тешки за воочување ако доволно сте посветени. Препорачувам и му се извинувам што го игнорирав долго време,иако татко ми ми инсистираше!
Kерката на мојата најдобра пријателка ,само што ја завршив.преубава е и ја започнав да се сака повторно од даниела стил.
Долгиот живот на Маријана Укрија-Дачија Мараини Прв пат читам нешто од авторкава(уствари не сум сигурна ни дека е авторка)Книгата ме привлече затоа што со главната хероина имаме исто име, а и зошто немаше ништо поинтересно во библиотеката. Спојлер Не згрешив, книгата е убава, се зборува за животот глувонема девојка која со своите 13 години е жена на својот вујко, старец,мајка на 4 деца веќе на 17.Се раскажува за едно општество со толку застарени сваќања, традиција...за инцесни врски, за болни судбини.Многу реална, потресна, но и поучна книга, за храброста на едно девојче на кое му е одземено многу повеќе од само сетилото за слух и гласот.
Моментално читам трогателна сторија за малата Еврејка Ана Франк Навистина незнаев дали да се смееам или да заплачам ??????????
Потполно се согласувам. Денес ја почнав „За љубовта и другите демони“ за еден саат ја прочитав до половина. Одлична е.