Што би правел јас без тебе - Гијом Мисо Ми тргна со авторов, по две прочитани негови книги ја почнав и третата, интересен стил, лесен и интересен за читање.
Дебитантка - Даниела Стил Привремено, колку за релаксирање. и Покрај првата книга, пралелно ја читам на англиски и If tomorrow comes - Sidney Sheldon
Сега ќе ја почнам Љубовта трае три години од Фредерик Бегбеде. Насловот ми се виде интересен, има само 150 стр, а на корицата пишува дека е бестселер.
Книгата е навистина преубава..ти гарантирам..побарај на интернет има и филм..но тоа откако ќе ја прочиташ книгата...
ја прочитав..многу е убава...го гледав и филмот,ама книгата треба секоја жена да ја прочита и секоја мајка, сегашна или идна
,,Нов почеток"-Тони Парсонс. Сега ја земав и многу ми се допадна содржината на крајот од книгата па ќе видиме до крајот Инаку ја има некој прочитано и каков впечаток има?
Љубов на југ-Хелена Фрит Пауел - мнооогу интересна книга, неможам да се одвојам од неа... Една интересна мисла од таму: “Фустанот на жената нема никаква смисла се додека не му даде инспирација на мажот да го соблече од неа“