Ако го дочекам утрото - Синди Шелдон Сега почнав да ја читам и се надевам дека ке биде исто толку добра како и предходните 2 што ги прочитав од Шелдон.
Читачот - Бернхард Шлинк Филмот го имам гледано со Кејт Винслет, не знаев дека има и книга, денес почнав да ја читам и од првите страни што ги прочитав, многу ме бендисува :up:
Уф, уф ми се наполни срцето. Бев до библиотека и конечно добиле нешто ново. Ја земав од Даниела Стил - Да се сака повторно. Се надевам дека ќе биде интересна, бидејќи имаше некои навистина разочарувачки книги, како Дебитантка да речеме. Хелена Фрит Пауел - Љубов на југ, чик лит, нешто лесно и интересно. Се изнасмеав со библиотекарката и викам, А ова нешто чик лит е? А она ми вика, Да, да , чик лик. Мајк Гејли - Сосема нов пријател. И ова е чиклик И од Сидни Шелдон - Додека ѕвездите блескаат. На оваа најмногу и се израдував, нешто што досега не сум прочитала и почнав веднаш да ја читам во автобус. Сакав да си го пуштам малку мозокот на пасење пред сесија, па ептен им се израдував на книгиве.
Засекогаш во срцето - Весна Дедиќ Милојевиќ. Лесна книга што се чита за неколку дена и е романче за опуштање. Малце се измешани ликовите ми требаше време (првите 30тина страни ) за да сватам точно што се работи.Три познати актерки во средни години сваќаат дека животот не е таков каков што го замислувале кога биле млади и амбициозни. Приказна за бифши љубови , бракот , родителството , разводот и изневерувањата. За некој ден ќе ја почнам Небото паѓа - Синди Шелдон па ќе кажам впечатоци за неа
Леди Сузан - Џејн Остин . Интригантен роман кој ја отсликува жената , нејзиниот моќе ум и нејзината силна личност . Таа е подготвена на се за да го оствари она пто го посакува . Приказната е напната и го остава читателот без здив . Овој фект се засилува и со самата форма на романот кој е пишуван во писма.Заплетите се возбудливи и произлегуваат ид психологијатана ликовите и од обичните човечки односи . Центарот на случувањата во писмата токму Леди Сузан - мудра и немилосрдна вцовица која манипулира со својата ќерка.
Тајните на мојата природна медицина - Рика Зараи, на српско-хрватски.Повторно ја читам, иако од многу од одамна ја прочитав, сепак интересна, околу медицината и исхраната.
Книгава ми е некако веќе видено, жената го фаќа мажот дека ја изневерува по десет години брак. Па после претпоставувам ќе читам за нејзиниот (не)успешен сингл живот, па како ќе се справува со тоа проследено со хумор. И на крајот најверојатно ќе спознае љубов каква што немала со сопругот. Ај баш да видам. И покрај ова, пак ќе си се смеам на хуморот и ќе се надевам дека ќе го најде мажот на нејзиниот живот.