Бојан од Глигор Поповски Прекрасен роман. Многу убава приказна за деца и млади, многу емоции, но и многу инспиративна. Штета што децава задолжителната лектира ја читаат така, на две, на три. Изобилува со преубави описи на природата. Описите на снежната планина се феноменални. Сега ми се оди на планина, на снег!!!
Сосема нов пријател-Мајк Гејли. Лесна книга, за опуштање, во која воглавно се поставува прашањето дали постои вистинско и искрено пријателство помеѓу маж и жена.
Штотуку ја земав „Полноќни спомени“ - Сидни Шелдон. И само што видов на интернет, книгава е продолжение од „Другата страна на ноќта“, книга која ја прочитав пред некоја недела. Одлично, како порачана ми легна.
Копилето од Истанбул....и сум воодушевена. Во почетокот ми изгледаше малку напорна со предолги реченици, или моментот ми беше таков па не можев да се сконцентрирам. Сега сум негде на пола и просто ја голтам. Прекрасен стил, сликовитост, мириси, вкусови, бои...волшебно. А, приказната...ќе ја читате, се надевам. Само денес ми падна на ум една мисла. Негде по десетина, дваесет години некоја грчка писателка, космополит во душа пишува роман во кој ја вметнува темата за протерувањето и голготата на македонците од Егејска Македонија, сосема објективно и непристрасно.. Во секој случај големо браво за писателката на Копилето...., за храброста, меѓудругото. И ќе заборавев. Не ми се допаѓа насловот. Како лошо звучеше кога ја барав во книжара.
Владан Велков - Александар Македонски. Книгава е дебела колку колку целиот мој зглоб. Ама преубава е.
MMMMM Ама ме потсети на "Meмоарите на една гејша" мојата омилена книга, откако ќе ја завршам оваа сега шо си ја прочитам пак приказната за Сајури нејзината соперничка Mameha btw моментално ја читам "Царица"- Шан Са
Во еден здив се чита. Стилот не е нешто посебен. Ама.. приказната убиствена. Верувам дека многу девојки ќе се пронајдат во барем еден дел од оваа книга. А, за машките одличен прирачник-да сфатат зошто неможат да ги сфатат женките.