Четвртиот Кенеди - Марио Пузо. На почеток сум па ќе видиме... Мислам дека е добра иако повише сакам да читам книги со воена и историска тематика и оваа политичка фикција од трилер не е лоша.
За прв пат почнувам да читам е-книга. Ќе се сефтосам со „Смрт во облаците“-Агата Кристи. Ајде аирлија!
Среќниот ден е утре-Јулија Латинина. Само неколку страни прочитав до сега, ама се збори за работи кои мене многу ме интересираат, така да продолжувам.
Норвешка шума - Харуки Мураками Прв пат почнувам да читам од овој автор, само пофални зборови имам слушнато за неговите книги.
Последниот чај - Винка Саздова Кога завршувам со обврските преку ден, си легнувам и заспивам со книгава. Добро е кога држи внимание..
Трчај дома - Лори Лансенс Прочитав 70 странички и ја оставив.Затрупана сум со учењето и неможе да и дојде ред на книгава која е прекрасна и ветува многу. Се надевам дека нема да ме изненади на самиот крај. Но за 5-6 дена ке се дружам повторно со книгава.Само да помине оваа проклета недела во училиште.
Ми требаше нешто за опуштање па решив да биде чик лит. Извонредна и спонтана романса Wife by Wednesday на Саtherine Bybee
Моќта на потсвеста - Џозеф Марфи.. никако да ја дочитам. Едно што имам за учење, друго уште побитно е што се имам одвикнато да читам. А, кога ќе ми текне колку многу читав порано..