ЉУБОВТА ЗА АНА - ИЛЕ МИЛЕВСКИ Баш сега на Мечето и го објаснував моето доживување од книгава и сакав да видам други коментари, мило ми е што го пронајдов твојот (после само нецела година). Знали се согласувам со многу работи, стилот е раскажувачки и многу едноставен и сиромашен, дури на моменти делува простачко и жалосно. Авторот нема никаков сопствен стил на изразување, ниту печат, само нафрлани реченици (кои патем, пак ќе кажам, лично за мене се грди). Приказната комси-комса, можела да се развива и подобро, ликот ми е лабилен, иако сака да се отслика како морален и силен. Мене ми е едноставно изгубен и lame, премногу зависен и верува во некакви си судбински знаци (на почетокот на секоја студентска година ја гледа постојано неа прва на факултет - аха! тука има нешто кармичко; не бре човече, НЕМА, автобусите ви стигнуваат едноставно во исто време ) Понатаму, типот ми делуваше многу искомплексирано и исфрустрирано, премногу им се навртел на скопјани, на градот, ко да сакаше да се претстави како некое жртвено јагне - еве ме мене, доаѓам од мало градче, подобар сум од сите, ама зашто не сум од Скопје, не ми се дава никогаш вистинска шанса?! Get a life, се додека луѓето се вадат со такви изговори, никогаш нема да го достигнат својот вистински потенцијал и успех. И конечно - веднаш штом ја прочитав книгата прво на нет, го побарав авторот на ФБ, и го прашав - дали бил инспириран од вистинска случка и вистинска девојка и ви се молам, ми враќа одговор - Ајјјј, ама интимно прашање? Ало, си напишал книга, си ја изложил пред јавност... и неочекуваш вакви прашања? И немаш одговор? Премногу интимно е тоа? Пфффф... како изгубен во книгата, така и во реалноста. Додадете на ова куп лексички и граматички грешки, глупави жаргони и некоректно лекторирана творба и оп! - за 200 и кусур денари ја добивате веројатно најлошата книга издадена на македонски јазик од млад автор. Мислам јас сум многу за тоа да се поддржуваат млади македонски автори, ама ова... јок!
Јас вчера почнав и велам не, не не си го трошам времето, многу НЕ созреан автор, многу убаво го опиша Трендафилка..
Сакав вчера да ти пишам да не си го трошиш залудно времето, но ајде си реков да не ти се мешам, твоја одлука. Инаку јас фала му на Господ не ја завршив „книгава“. Ја почнав и по неколку прочитани страни кои беа очајни ја оставив без око да ми трепне, а сега гледам дека воопшто не сум погрешила.
Оркански височини (од Емили Бронте) п.с. Љубовта за Ана - ја прочита цимерката и беше крајно разочарана.. воопшто не и се допаднало, па еве наидов на слични мислења, што значи дека книгата не нуди нешто...
Конечно почнав да ја читам Вештица од Венко Андоновски. За разлика од последната книга (на која од почит кон авторот не сакам да и го спомнам насловот), која едвај ја читав, ја развлекував, ама на крај ја баталив, овде секој збор го примаш и знаеш дека тоа е тоа што сакаш да го читаш. А не сакам да оставам недочитани книги, потоа ме следи чувство на недовршена работа, ама засега не ја можам , можеби ќе и се навратам некогаш.
Има една поговорка која вели - кажи ми што читаш па ќе ти кажам каков човек си. Темата литература на форумов ми стана омилена тема и добро е што е разговорлива тема. Но можев да видам дека повеќето од вас читаат лектири или бестселери. Ретко некоја да е запознаена со читање на квалитетни дела кои имаат многу поголема вредност од материјалната придобивка што бестселерите денес ја имаат а немаат никаква длабочина. Но многу е подобро да сретнеш луѓе кои читаат било што отколку луѓе кои воопшто не читаат. Да не се оддалечувам од темата, јас мометално го читам Томас де Квинси - Исповедите на еден англиски уживател на опиум. И знам дека многумина уште насловот нема да го разберат а камоли содржината. Но јас сакам да знам се, а не да се залажувам со некои фиктивни површни фантазии што ни ги продаваат бестселерите. Ова е некој вид автобиографија на писателот каде опсесивно ги опишува неговите надреални фантазии и халуцинаторни ноќни талкања низ Лондон, како и неговите кошмари, очај и параноја на кои станува жртва. Книгата е во издание на Магор, 2011. Да, ги следам новитетите во издаваштвото
Абе жени, од толку зборење за тоа колку е лоша книгава ми иде желба да ја земам и да видам за што се работи. Ме заинтригиравте.. Знаете како велат, и лошата реклама е подобра од никаква! Иначе јас моментално читам: Три послератна друга - Џорџе Балашевиќ Одамна се спремав да го читам и сега конечно почнав. Ме воодушевува, како и што впрочем очекував. Книгава е автобиографска и во неа пишува за своето детство. За времето во кое почнува да компонира песни. Ја читам во електронска форма и на српски јазик е. Не знам дали ја има на македонски, не ми се верува.. Немам многу прочитано, толку можам да кажам. Не сум сигурна, ама мислам дека нема тема за него како писател, само како музичар. Да потпрочитам повеќе па ќе отворам тема или ако некој веќе го чита може да отвори, па да продискутираме..
Вујко Вања... Незнам што да речам веќе за овие лектири по нерви ми одат , ретко некоја да имам прочитано и целосно да ја сватам и разберам и да не ми е досадна . Механички ги читам колку да се кажи дека ми се прочитани .. Да не ми беше за лектира изгледа ќе ја обожавав ...