Eat. Pray. Love е оригиналниот наслов ако веќе сакаш на англиски.. :geek: Нашиве ја имаат преведено како Јади. Моли се. Уживај.
Анџелика од Anne и Serge Golon, ми се гледа како доста интересна книга, посебно што е од времето на Луј 14.Ја немам прочитано никогаш до сега, така што сега се замарам со неа старо е книгичево, 1980 година, Бог знае како се нашла тука , залутана во купиштата книги, па ќе видам како ќе бидам инспирирана :geek: бре ама и се порадував, чиниш кола ми купиле
Вештицата од Портобело - Пауло Коелјо. Според ова досега што го прочитав, не ме воодушеви. Едно од полошите дела на Коелјо.
Моментално читам Феноменологија на духот-Хегел и ги колнам овие од Ѓурѓа со преводов нивни глуп преглуп, и заради тоа не ни можам да дадам проценка, а се сомневам и дека воопшто ќе можам да сфатам нешто. Знам дека Хегел не е лесно да се сфати, ама овие троа ја отежнале работава со нивниот квази професионален превод. Ова е последна книга што ја купувам од Ѓурѓа дефинитивно.
Koнечно имам повеќе време за читање . Вчера ја зедов и веднаш почнав да ја читам Клетници од Виктор Иго . Ја зедов и Ноќите во Родант од Николас Спаркс , па таа е после првата
Моментално ја прелистувам Беснило од Пекиќ, а ќе почнам да ја читам на почетокот на Фемина предизвикот за 2012 год.
Даниела Стил-Да се сака повторно. Преводот е ужас. Не знам со кој памет некој ја преведувал книгава. Гледал може филм у меѓувреме, па му се смешале изразите и поимите. И книгава не е нешто посебно, на почетокот барем, се наслутува содржината, а богами наслутувам дека нема да биде сјајна. Стварно морам да земам нешто асално за читање.
Најголемата вистинска тајна на светот. -Ниче Димовски Кога ја видов првпат помислив дека е само терминологија,но навистина ме изненади.Мислам дека ова ќе биде книгата по чие читање ќе променам многу работи во мојот живот.Топло ви ја препорачувам!