City - Алесандро Барико. Ја почнав вчера и не ми се испушташе од раце. Оваа е една од оние книги поради кои набрзина јадам за да ја читам пак, синоќа едвај легнав да спијам, а утринава само што отворив очи помислив на мешаницата што ја создава Барико низ страниците, хаотична но сепак хармонична. So far so GREAT!
Ја моментално напоредно читам 2. Една за нашколо за проектната што ми е и почнав конечно Новиот завет да го читам.
Повеќе е како моментално се мислам (со што да започнам) .. Клајф Каслер - Златниот буда или Р. Даглас Вебер - Клучот на Соломон
Со оваa книга го почнувам предизвикот! Ќе си водам и евиденција во тефтер или во некоја тетратка, а и тука во темава, па на крај година ќе сумирам колку книги сум прочитала. Да се навратам на книгата, до 70та страна сум некаде, па, не е како што очекував, но не е ни за потценување. За прв пат да ми се допадне книга со толку тромави описи. Книга за 16 годишната Грит чиј татко веќе не е способен да работи(ослепува), па неа ја пуштаат во еден дом како слугинка. И како што реков, ни лошо, ни одлично. Измеѓу нешто.
Азбучните убиства - Агата Кристи Јас со оваа книга го започнувам предизвикот. Стигнав до 2рото убиство, многу ме заинтерисира така да брзо ке ја прочитам.