Нов дел е издаден на Македонски или е дел од постоечките издадени од „Матица“?? Мислам дека 5-6 дела се издадени од „Матица“ а вкупно се 9. Инаку моментално ништо не читам, чекам да отвори библиотеката во понеделник за да земам некоја...
Одличен избор, книгата е фантастична. Инаку јас моментално ја читам „Куќата на Ривертон“ од Кејт Мортон
Ана Каренина (1) - Лав Николаевич Толстој. Со првиот том ја започнувам втората по ред книга за предизвикот. Уште сум на почетокот за да можам да коментирам, ама од тоа што го прочитав - ми се допаѓа, нема шанси да не ја дочитам. Коментари ќе пишувам во темата за книгата кога ќе ја прочитам.
Девојката со бисерна обетка, од Трејси Шевалие и за почеток што знам, ми личи на една монотона неопаѓачка низа - нема баш некои бурни настани, ама и не е лоша. Мала топла книгичка.
Matters of the heart. - Danielle Steel. Првата книга што ја читам на англиски јазик. Интересна е, иако бара повеќе труд и внимание.