Чарлс Буковски - Блудниот Син , поклон ја добив. Ова ми е прва книга негова што ја читам, и сум ваква Ама сигурна сум дека нема да ми биде и последна од него. :geek:
Gossip Girl- Cecily von Ziegesar и можам да кажам дека е тотално разочарувачка, во споредба со серијата....
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди Потресна приказна за една жена едноставно не можам да ја оставам, едвај чекам да видам како женава ќе се спаси од тој пекол заедно со нејзината ќерка.
Ја завршив Блудниот син, и сега Патот до срцето - Ошо. (таа ми се најде низ дома, имав друга листа ама пусто нашата библиотека отварала на 1ви февруари )
Лолита - Набуков Шокирана сум, згрозена сум и пак сум воодушевена од начинот на пишување.... Некаде до пола сум, и секојдневно менувам мислење и емоции за книгава... Аххх
Ја завршив Девојката, сега ја почнав Сопругата на дипломатот - Пам Џеноф......Ви ги препорачувам книгиве
Тајниот свет на една купохоличарка - Софи Кинсела. Преубава книга, неможам да ја оставам, а толку имам за учење... Извадок од sakamknigi.com Спојлер Здраво и добредојдовте во светот на Ребека Блумвуд! Овде, сега и со неа започнува една луда, забавна и незаборавна приказна. До сега оваа приказна има 3 дела преведени на македонски, но таа не завршува овде, нови продолженија уште излегуваат бидејќи Софи Кинсела сфати дека светот се заљуби во оваа девојка. Доколку не ви пречи да ја читате на англиски, сите 5 дела можете да ги купите кај нас. Ребека е новинар. Работи како советник за управување со парите, а своето слободно време го поминува во шопинг и трошење на сопствените пари (повеќе отколку што ги има). Таа живее во луксузен стан, се дружи со џет сетот, а нејзиниот плакар е преполн со парчиња облека што едноставно „мора“ да ги има. Беки постојано се обидува да смисли начин за да заработува повеќе пари и да намали со трошењето, но тоа едноставно не ѝ оди. Единствена утеха ѝ е да си купи нешто, барем некоја ситница. Ова е една луда девојка каква до сега не сте запознале. Ова е една необична девојка која ќе ја засакате, која ќе Ве натера да се смеете без престан. Ова е првиот дел од една приказна која не смеете да ја пропуштите. Силно Ви ја препорачувам оваа книга со сите нејзини делови, ќе ве насмее до солзи и ќе ве наполни со позитивна енергија која ќе трае со денови..
^ Хаха, јас го читам вториот дел-Купохоличарка во странство.До пола сум и исто, не можам да ја оставам, а имам многу обврски...