Стрипови.... Ако се рачунаат и тие... Секакви што ќе ми дојдат при рака. Интересно за мене, бидејќи не сум некој љубител на стрипови.
Единаесет минути - Пауло Коелјо За разлика од другите негови книги оваа книга ми остава позитивен впечаток за почеток.
Полека се враќам во колосек со читањето. Си слушнав убава вест од библиотекарките и многу им благодарам, прекрасни се. Инаку, ја земав Засекогаш твоја од Елизабет Гилберт. Ми рекоа дека книгава била многу послаба од Јади, моли се и ужувај, ама сепак сакам да ја прочитам кога веќе сум ја прочитала првата. Потоа од Даниела Стил Судбоносна одлука. Реков дека нема да земам веќе од неа, ама и немав голем избор. Ај ќе ја проџвакам книгава, сепак има и она прекрасни книги, па може оваа ќе се погоди таква. И од Дејвид Херберт Лоренс Вљубени жени. Романов испадна дека е втор дел на The Rainbow, ама почнав да ја читам и не делува дека се премногу поврзани, па можам да си продолжам. Ме заинтригира приказната и земав веднаш да го читам и можам да кажам дека се радувам на 653те страници полни со интриги, љубов, страст... А и преводот добар ми стои, издание на Магор е, а Александрина Илиева е преведувачот.