Административно процесно by Симеон Гелевски aka светски патник и фалбаџија. И тоа е книга може тука да се вброи И тоа втор пат, трубам мозок со аминистративна првостепена постапка... И ќе ми кажам не препорачувам, ептен е досадно Забегувам знам
A Painted House - John Grisham Колку е поразлично чувството кога го читаш оригиналот од книгата. Не преработен, не преведен, ниту скратуван или прераскажуван. Само оригиналот. Поинтензивно се чувстуваат зборовите и чувствата слеани во нив. Иако не на мајчин јазик, полесно можеш да сфатиш што авторот всушност сакал да каже. Плус си го збогатуваш речникот и со странски и домашни зборови. Инаку во врска со книгава, сеуште сум на почетокот. Од тоа што можев да го прочитам одпозади на корицата отприлика знам што би требало да се случи. На фарма каде што се обработува памук, семејство изнајмува работници (фамилии и маси Мексиканци) да им ги обработуваат земјиштата. И најверојатно ќе се случи некое убиство или нешто слично што ќе промени целиот тек на ситуациите, а момчето (7 години) од фамилијата ќе знае што и како се случило... Сеуште не знам што збиднува но многу ми се допаѓа книгава.
Исповед од харемот-Бранко Миленковиќ.Книга напишана според вистински настан. Спојлер Главниот лик на оваа исклучително интересна, но и предупредувачка исповед е една млада белграѓанка.Станува збор за девојка која заради својот исклучителен физички изглед, можела да победи на секој натпревар за убавина.По неколку години присилен престој во еден арапски харем, девојката на чудесен начин, како што заминала од Белград така, и се вратиле во главниот град на Србија.Живее со мајка и во една повеќекатница во Нов Белград, избегнува дружење со луѓето, повремено оди ви кино и му помага на брат и во водењето на една мала продавница за мешана стока.По еден од чудните и заплеткани патишта,какви што има многу во новинарството, еден белградски неделник, стапил во контакт со оваа девојка која се согласила да ја раскаже својата животна драма, под услов да и биде заштитен идентитетот. Книгата е прекрасна.
Same here girl!Сеуште не сум ја довршила,приказната е интересна,ама книгата е преполна со непотребни и долги сликања на сцени,а сиромашна е со опишување на внатрешните борби и страдања на главниот лик.На приказната не и вдахнат оној живот за да те допре и инспирира,а инаку е добро сценарио за филм.
Случајно ја купив од One, ја здогледав додека продолжував договор за татко ми па импресии здравје кога ќе ја дочитам. Телото на нејзиното тело, приказни за добрината -Славенка Дракулиќ
Бадем од Неџма. Прекрасна книга, вреди да се прочита во еден здив. Спојлер Се работи за вистинска исповед на една муслиманка, за нејзината интима, и начинот на живот. Книгата изобилува со експлицитни сцени, и коментари.