Зора зад аголот - Димитар Солев Незнам зошто сите викат дека им била здодевна, јас некако многу набрзина ми идат страните, а и воопшто не ми е здодевна.
Тајната грофица = Ева Иботсон, почнав да ја читам пред 2 дена и неверојатна е. Руски династии, војната грофови и кралски семејства кои се принудени да работат како слуги.. Вистинско време = Џејн Грин Ништо посебно, чик литература се работи за 3 жени кои се пријателки и по игра на случајност улогите и животите им се менуваат драстично, секоја од нив го добива она што го сака другата
Внимавај што посакуваш - Александра Потер. Чик лит, лимонада книга за згодите и незгодите на авторката, како и нејзините (не)остварени желби.
На запад ништо ново Ерих Марија Ремарк Во принцип избегнувам книги за војни,нешто инстинктивно ме заплашува дека се ужасно досадни,али оваа не е таква.Барем почетокот ветува.
Zen reflections - Robert Allen И планирам и друга таква лектира да си приберам А да и одвреме навреме читам Ориентализам - Едвард Саид
Анатомот - федерико Андахази. Се чита во еден здив.При крај сум и баш ми е жал што завршува. Топло ја препорачувам.
Загубената ќерка од Дајен Чемберлен. Погледнав дека веќе низ темава има оставено исцрпен коментар за книгава, така да не би сакала да се повторувам. Сепак, уште сум на почетокот. Но, читав доста позитивни критики за истата, мојот прв впечаток е повеќе од добар со што не се сомневам дека книгата вреди да биде прочитана. Ми се допаѓа ваквиот стил на пишување и приказни од тој калибар .
Orwell and Marxism: The political and curtural thinking of George Orwell, Philip Bounds Критичка анализа на орвеловите идеи и работа низ времето околу неговите познати тематики ,не знам како поинаку кратка критика околу ваква книга,искрено.