Девојката што си играше со оган - С.Ларсон Прочитав околу 150 страни (од скоро 600), но сеуште нема заплет. Во овој дел Лизбет некако делува пософистицирано и доаѓа до израз нејзината потисната емотивност. Коментари и впечатоци, кога ќе ја дочитам...
Еден брак од Перл Бак За тоа што се е спремен човек да направи за љубовта... За тоа како се гради живот базиран на различности... За тоа како се живее од љубов и за неа... За тоа што им го пренесуваме на идните поколенија... За бракот... За љубовта... За животот... И за нас во него.
Моментално ја читам книгата "Го сакам Hollywood" од Линдзи Келк.. Прекрасна е. Околу 300 страници е. Сега сум на 56. Книгата е врв, на сите што им се допадна "Го сакам New York", "Го сакам Hollywood" ке ги фасцинира. Се чита во еден здив.
Во моментов ја читам „Руска Зима“ од Дафне Колотеј. Се зборува за една поранешна балерина на Бољшој театарот, која сега е во инвалидска количка (сеуште не знам зошто и го дава на аукција својот скапоцен накит. Настаните, од периодот додека била балерина, се случуваат во времето на Сталин, што посебно побудува интерес кај мене, бидејќи иако негативен, сепак ми е интересен како лик. Поздрав