Патеката на сетилата од Неџма Како си ги зачитав овие книги со тематика од арапскиот свет, целата се внесов во оваа литература. Веќе 4та или 5та книга ми е оваа со слична тема - животот на арапските жени
Сите почнавте нови само јас заостанувам со Маркезов шала на страна читам само пред спиење и полека така да малце забавив со него. Следна ќе видам имам повеќе во предвид.
Врати ми се -Гијом Мисо ,ова ми е втора книга во последнава недела од истиов автор чиј што стил на раскажување и водење низ дејствието многу ми се допаѓа.
Вечерва ја почнувам Пајаковата мрежа на Агата Кристи. Прв пат ќе читам нејзино дело, па со оглед на тоа што многумина имаат само позитивни зборови за неа, се надевам дека ќе ми се допадне.
Кога Ниче плачеше од Ирвин Јалом. Можеби е до мене, ни книгава не ми е нешто посебно дури и досадна. Читам, читам никако да ја дочитам, ништо не ми го задржува вниманието иако на моменти има интересни дискусии кои веројатно ме натераа да ја дочитам книгава. Но верувам дека е драгоцено дело за оние кои студираат психотанализа, но мене не ми е нешто особено освен неколку интригантни делови...