First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers - од Loung Ung. Трогателна ама убава книга
И мене ми се допадна...уште последниот дел ми остана...ама не ја брзам тој дел полека ке си го читам...
Девојки ја земав од Игор Џамбазов книгата, па да прашам ако ја има некој читано да ми каже дали ви се допаѓа Веќе слушнав дека не била ништо посебно па пред да почнам да ја читам да слушнам коментари Ја имам и Славејот од Моргана Галовеј, се мислам која од нив две да ја почнам прва
Јас ја имам чтано и дефинитивно не е ништо посебно дури има и мн досадни моменти но сепак да наглсам тоа е индивидуално . Моментално ја читам Ранетиот орел од Мир-Јам добра книга а инаку би ги препорачала книгите поточно трилогијата за принцезата Султана како и доста добри книги се Девојката на командантот и нејзиното продолжение Сопругата на дипломатот
Јас ја прочитав книгата од Игор Џамбазов и ме остави без зборови. Колку е убаво се опишано и ненормално поучна е книгата. Секоја чест. Кога би го видела некаде би му кажала дека ја прочитав. Би му кажала апсолутно се што ми лежи на срце. Исто како што рече он во последните страници.
И Славејот ќе те остави без зборови. Јас сега пред кратко време ја прочитав и уште ми се врти во глава И од Игор е прекрасна книгата.
Леле колку ја барам книгава очајно сакам да ја прочитам, ама во велешката забегана библиотека ја нема Нема ништо од Коељо, рафтот од него празен. Од нет несакам да ја спуштам, се се на српски или англиски, а несакам така... Сакам додека ја читам да се внесам во неа, а не да размислувам кој збор што значи. Ја почнав Славејот, ама некако ме мрзи... Една глава само прочитав...
Jaс ја немам прочитано, но еден другар цееееело време ми вика дека таа книга вреди да се прочита. Голиот човек е всушност Игор Џ, измислените имиња се некои познати фаци... и така. Секој со својот вкус.. The Second Shepherds' Play ја читам. И сите од на флф анг. ја читаат
Вреди, според мене вреди да се прочита. Само зависи од вкусовите, јас пак пред да ја прочитам слушав дека не била ништо посебно. Ама кога земав да ја читам толку се внесов во книгата... Има јавни личности да, има еден дел каде што кажува за Весна Бејби, (во книгата наречена Беба) дека му го растурила бракот. Мама Опи е Калиопи всушност... И се е така во шифри пишувано. Местото каде што најдолго време останал додека се криел е наречено село Момирово, а тоа е всушност Смојмирово-Беровско. Има доста јавни личности спомнато, ама неможев да сконтам кои се всушност повеќето...
Samo sto ja zavrsiv Vnimavaj sto posakuvash mozebi ke ti se ispolni(se vooduseviv) i ja pocnav Kalugerot sto go prodade svoeto ferari
малку потешко ми оди зошто на српски само ја најдов, но ја препорачувам на секоја жена да ја прочита! случајно ако некој ја сретнал по нашиве книжарници на македонски нека ме извести