Осаменоста на простите броеви- Паоло Џордано Некако филозофски ми звучеше насловот, ама според она напишаното назад книгата ќе биди многу интересна
Негирање - Кит Аблоу Денес ја почнав и сум до 50та страна па не би можела да давам некој суд предвреме, ќе оценам откако ќе ја завршам. Засега можам да кажам дека е интересно крими-трилерче и бидејќи е прва книга од ваков тип што ја читам се осеќам ко да гледам некое холивудско хитче. Интересно во секој случај. http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... Itemid=104
Сите црвенкапи се исти-Марко Видојковиќ Книга баш како смајлињава,комична,зачинета со балкански хумор ,на моменти безобразна...
Моментално ја читам "П.С. Те сакам" од Сесилија Ахерн , сеуште сум на почеток, го имам гледано филмот, но во книгата се е многу поубаво опфатено и многу ми се допаѓа
И почнувам со нешто историско, ми се чита нешто малку посериозно. Првата книга од серијалот за Тјудорите од Филипа Грегори. Почетокот делува навистина ветувачки. А според Белата Кралица од истата авторка не се ни сомневам во квалитетот на книгата.