Океан море на Александро Барико. Прочитав убави коментари за неа, а и насловот и корицата ми се погодени. Милина. На почеток сум, ќе видам дали ќе ми се смени мислењето откако ќе ја прочитам.
Прашање за избор од Нора Робертс. Не е книга која би ја купила доколку ми дојде на дофат но ја добив на подарок па сигурно нема да ја оставам непрочитана. Ми имаат останато уште 20-тина странички до крај така да можам да искоментирам за книгата. Интересна, но не е баш во мој стил бидејќи малку е и детективска. А на моменти и премногу нереална. Главнава типка пробуваат да ја убијат и по 20 минути таа сака да води љубов. На моменти дефинитивно се заборава писателов. Ми останува да ја дочитам да видам каков е крајот.
Мајн кампф- А.Хитлер Книгава бара внимание, а вниманието бара време, што јас се помалку го имам па ќе ја цепкам книгава до летоска изгледа.
А потоа... од Гијом Мисо Откако мајка ми по грешка , по втор пат ја купи “Затоа што те љубам“, чекав да ја смени со оваа. Морам да кажам дека сум разочарана од преводот, уште на самиот почеток. Толку србизми, и непостоечки придавки во една книга не сум видела.
Ја дочитувам Брида, па ќе ја довршам Девојката со тетоважа на змеј. Почнав да ја читам пред 3 месеци, и во меѓувреме 5-6 книги прочитав а таа уште не ми е довршена. А Брида е прекрасна.