The lady and the unicorn - Tracy Chevalier. Во декември ја почнав, никако да ја дочитам. Е така, по страница дневно, таман за цела година
По едномесечно двоумење, сношти ја почнав Читачот на Бернхард Шлинк. Кога ќе ја завршам неа, ќе си се навратам повторно на едно мало книџуле кое има огромна вредност и спаѓа во моите омилени книги од основно и кое секогаш ми буди поинтензивни емоции од минатиот пат - Колибата на чичо Том на Хариета Бичер Стоу.
Бели ноќи- Достоевски. Ја препрочитувам. Кикотот на Њастенка имам желба одново и одново да го доживувам. Многу топла книга.
Три секунди од Игор Крајчев Денеска на моја најголема радост најдов 20тина стари книги на татко ми. Незнам како до сега не сум пробуричкала да ги најдам. Сите се стари, сочувани изданија, во целосна верзија, а не скратени. Дури книги незнаејќи дека ги имам веќе што сум ги купила по втор пат Мераци сум целата. И онака оваа е кратка, уште вечерва осеќам дека ќе ја одберам следната. Јупиии Јееејјј
O Romeo, Romeo, wherefore art thou Romeo? Почнувам со книгава, интересно ми изгледа, а и се знае што може да се очекува од Александра Потер.
Јас ги видов во Прилеп во Просветно дело. Би требало и во другите книжарници од Просветно дело да ги има Моментално читам: Мистеријата на синиот воз - Агата Кристи