Јас ја читам Додека не зазори од Han Sujin.Книгата е во два дела, јас сум на почетокот, се раскажува за љубовта меѓу еден кнез - лекар и американка - новинарка за време и по втората светска војна.Почетокот ми се допаѓа.
Јас ја читам 3 МЕТРА НАД НЕБОТО, при крај сум и многу е убава. Го имам гледано и филмот и едвај чекам да излезе и вториот дел. А филмот многу повеќе ми се допадна од книгата.
Eве сега завршувам со Пиратот-Харолд Робинс. Добра е ,препознатливоит стил на Робинс. Следна ми е Јас ,Мона Лиза.
Ракописот ,,Q" - Џонатан Раб Колку приказни се изнаслушав за книгава, ни на крај памет дека дејствието се одвива во Босна и тоа ’92 за време на војната (барем овој дел што го исчитав). Знам дека понатаму ќе се премести во Ватикан, па Грција... Интересно во секој случај. http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... Itemid=108
Моментално читам се‘ живо што имам по дома, се‘ наеднаш. Засега најмногу сум фокусирана на Great Expectations од Дикенс, ама потчитнувам по малку и од: Спојлер
Моментално ја читам .. Баш како шо рече Rainbow, книгава е лимонатка ама доста интересна за читање. Не сум разочарана од неа.