Денес на саем си купив три книги, Оркански височини-Емили Бронте, Се плашиш ли од темница?-Сидни Шелдон и 11 минута - Паоло Коелјо ) Ќе почнам со Оркански височини
Јас имам тежок избор, не знам што попрво да почнам да читам. Се одлучив за Сè што останува од Патриша Корнвел од причина што ми е од библиотека и треба веќе да ја вратам, па да не ми остане нечитана. Мајка ми веќе ја прочита, ми рече дека била преинтересен трилер.
Што би правел јас без тебе - Гијом Мисо Почнав во школо да ја читам, стигнав до 70 и некоја страница, на почетокот интересна беше многу, сега па овој дел некако досаден ми станува , па ќе видиме како ќе се развива... Спојлер А инаку се работи за една девојка, Габриел, татко и е крадец а првата љубов е врвен полицаец, и ќе треба да избере...
Почнав да ја читам Крадачка на книги, ама многу е обемна и бара внимание, немам сега толку време, па ќе ја оставам за нареден пат, иако книгава според критиките, а и според тоа што го прочитав ветува многу. Затоа тука е чик литот, брзо и лесно читање. Дона Кофман-Разбудената убавица е следна на списокот.