Девојката со зелените очи од Мир Јам и ја зедов баш поради тоа што е од Мир - Јам знам дека е лесна и баш таква ми треба после испитите барем да си го пуштам мозокот на пасење Не очекувам некоја приказна што би ме трогнала и воодушевила
Те посакувам - Федерико Моча Спојлер Не ми остави посебен впечаток книгава, авторот си земал премногу слобода во изразувањето, си користи зборови кои не доликуваат на едно преценето литературно дело. Уште 20тина страници ми останаа и одвај чекам да заврши
Тестамент-Џон Гришам Спојлер Сега за сега е Ок, а се надевам на доза адреналин и возбуда како во Фирма.
Мојата омилена книга...И јас ја прочитав во еден здив, преуба е.... Инаку јас сега ја читам -чевлите на другата жена..добра книга
Која е најубава од трите книги од Синди Шелдон : - Раскажи ми ги соништата - Песокот на времето -Ако го дочекам утрото Ги имам сите три и се мислам која прва да ја читам
Без збогување - Линвуд Баркли Спојлер Воопшто не се покајав што ја земав книгава, мислев дека ќе ми биде страв, плашлива сум си по природа, а книгата е трилерче, ама досега страв не се појави. Книга послна со неизвесност, не ни забележувате како летаат страниците . Еве сум веќе до 130 страна, а возбудувањата се зголемуваат. Очекувајте ме наскоро во "Последна прочитана книга" .