Да, ја има. Јас си ја купив на саем, по цена од 250 ден. тогаш со попуст. Преводот е добар. Мислам дека ќе ја најдеш во Матица или во Култура, на плоштад. Поздрав
Спојлер супер е книгава ја прочитав до 15стр се работи за нејзиниот живот,за порното,за хју хефнер,за дрога и сл
Моментално ја читам Оркански височини од Емили Бронте . Не мислев дека ќе ми се допадне ... но ме изненади ми се допадна и тоа многу.
Јас ја имам прочитано Се викам црвено . Одлична е, ми се допадна, Памук има несекојдневен, интересен стил, само малку оди заплеткано, затоа што наратори се живи и неживи ликови во приказната, па треба малку повеќе концентрација. Ти ќе кажеш впечатоци за Снег.
И какви ти се впечатоците ? ти се допадна? Малку е нели ..? јас ја позајмив од една другарка ја читав не е мн голема али не успеав да ја дочитам до крај ми останаа 15-тина страни ми беше премногу ...се наситив се најдов на моменти сама како читам и се вцрвенувам
Кратки албански раскази. Избор од повеќе автори. Прекрасни се. Искрено, не очекував. Книгата е инаку цели 20 ден. во Култура на Плоштад.
Ги читам романите на МИР-ЈАМ, прекрасни описи, љубовни доживувања, ги најдов на старо се продаваат за 150 денари по книга :up:
За книгата немам коментар и јас ја прочитав Моментално ја читам Дваесетатта Сопруга од Инду Сундаресан прекрасна индиска книга.