Калеш Анѓа Од дамна сакав да ја прочитам, ми стоеше на полицата уште како мала. Се наканив ете, и не зажалив
Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ Слушнав доста позитивности во врска со книгата, се надевам дека ќе ми се допадне!
Имам читано многу позитивни критики за книгава и затоа си ја купив од саемот на книгата, сега ја почнувам па ќе видиме
А потоа - Гијом Мисо Продолжувам со Гијом Мисо, една книга не ми се допадна нешто премногу, другата ме воодушеви, па баш сакам да видам третава како ќе испадне. Инаку има да прочитам се од него.
„Убиство во Ориент Експрес“ - Агата Кристи Ептен јака книга, на сите ја препорачувам. Спојлер Кој не ја читал, детектив оди со воз да патува, и ненајдено на возот се случува убиство...И почнуваат полека, полека да се откриваат детали со цел убиецот да се најде.
Заточеник на небото - К.Р.Зафон Новата негова книга. Иако сеуште сум на почетокот, интересна е многу, како и сите негови книги. Знае како да те вовлече во приказната. Само преводот на Матица е многу лош. Поправете ме ако грешам ама на македонски би требало да биде затвореникот а не заточеникот, и божиќна приказна а не божична. Дали е преведувана од српски, или се грешки не знам, ама стварно ми ја уништува книгата.
Без догма - Хенрик Сјенкевич Ова е втора книга што ја читам од Хенрик Сјенкевич по легендарната Quo Vadis за која има добиено Нобелова награда. И како и со првата, овој извонреден писател кој творел во 19 век, ме воодушевува и со оваа книга. Неговите книги се обемни и изоблуваат со детали и историски моменти вклопени во приказната. Ми е криво што не ја купив и Крстоносци во два тома на Саемот на книга, ама ќе се стрпам до наредниот саем.