Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ Спојлер На почетокот ми беше вау каква книга, колку емоции. Сега сум веќе на половина и можам да кажам дека книгава е солидна ама не е до толку колку што ја воздигнуваат. Писателката на моменти пишува како дете од 10тина години, со некакво чувство на восхит или стравопочит што и да е. Повторно ќе речам солидна книга, има емоции, најмногу ме погодуваат моментите каде се спомнува рингишпилот на баба Дара, ама останатото ми е онака.. Многу брзо лета низ времето, ама претпоставувам дека тоа и треба да се прави кога опишува 70тина години во 457 страници. Се надевам на крај кој ќе ме остави ваква и ќе можам да кажам дека ова е едно од подобрите дела што сум ги прочитала.
Азбучни убиства- Агата Кристи Книгата е криминологија, во нејзин стил, ама не е ништо посебно.сум прочитала многу поубави книги од неа. Ме разочара тоа што многу брзо го открив убиецот, не беше посебно возбудлива да читаш и да неможеш да престаниш
House of Night ептен е онака ... лајт .... ама во моментов само тоа имам за читање па дури не најдам нешто друго ... хаха иначе добра е книгава со вампири и има некои пагански елементи исто така и индијанска митологија ... ама многу ми е тинејџерска некако
Моментално ( ова моментално е 2 месеци, бидејќи зарѓав во последно време поради колоквиуми ), ја читам „Игра во р'жта“, но на англиски, ја најдов по некоја интересна случајност оригиналната копија на книгата и воодушевена ! Не знам зошто не сме ја обработувале во средно. Ја обожавам книгава и приказната.
Патот до срцето - Ошо И никако да ја дочитам од ова факултетов... А мислам дека нема да го променам мислењето и од кога ќе ја завршам книгава - Ошо е генијален.
Денес почнувам да ја читам Ме привлече тоа што е нешто во стилот на сексот и градот само во арапски стил
Еве што читам моментално Ја добив ко поклон за роденден и ќе кажам дека Ian McEwan се надминал себеси пишувајќи вакво маестрално дело во секој поглед. Башка филмот шо ме фасцинираше, чуството имајќи ја оваа книга во мојата домашна библиотека е ... како all my wishes coming true. Не знам колку ќе можете да ја најдете на македонски јазик ама ако стоете добро со англискиот јазик препорачувам да ја прочитате оригиналната верзија.