Братството на Ружата-Дејвид Морел На почетокот сум, ама сепак ги оправдувам критиките за авторот.Одличен почеток на извонредна приказна.
Јас моментално ја читам книгата Надарени:Далеку од очи, далеку од срце Значи ова е првиот дел, а јас сакам да си ја читам пополека, затоа што ако почнам да ја читам интензивно за 2 дена максимум ќе ја исчитам цела па после ќе морам да чекам моите да ми го купат другиот дел... Spoiler Насловот го ставив во оваа боја оти таков е и на книгата
Пред некој ден видов мајка ми купила книга „Не губете ги нервите поради синтиците во љубовта“.. Многу поучна за тоа како да си ги зацвртиме нашите врски. Дефинитивно треба нешто да применувам од книгата во многу ситуации си се пронајдов..
Tess Gerritsen - The bone Garden. Почнувам со Тес Геритсен, имам слушано доста за авторкава, дека пишува невидени трилери, па решив да прочитам нешто со неа. Ако ја бива книгава продолжувам понатаму и со другите. Почетокот е доста ветувачки.
Јас ја читам Во името на предците од Тес Геритсен, супер е. Забавна, заплеткана, се голта во еден здив
Во потрага по ласица - Џејмс Патерсон..Имам многу да кажам за книгава, ама ај, подобро ќе биде кога ќе ја завршам да направам рецензија, рано е сега
Некој како тебе- Сара Десен. Многу слушав за авторката, па ете конечно најдов слободна книга да ја земам за читање