Исто и јас ја земав оваа вчера во библиотека. Почнав да ја читам. Лесна за читање и добра книгичка, па ќе видиме до крај да не ме разочара.
Уффф започнав 3 како ќе ги довршам Кобен час-Габриел Гарсија Маркез...како еден сатиричен памфлет внесува немир кај населението во едно селце,предизвикува убиство.. питка и лесно читлива Мојата омилена сопруга-Тони Парсонс---лимонада ,не ми остави впечаток,нурнување во еден свет за сексот вторите сопруги и љубовни борби. Неподносливата леснотија на постоењето-Милан Кундера-филозофска книга,проткаена со емотивност,вечната дилема за враќање ,сетилност која е присутна преку љубовта, страста..ми се чини имаше и филм снимен според оваа книга.Во секој случај вреди да ја дочитам :up:
Невеста во Борџии - Џин Калогридис. Денеска ја почнав, некаде до 80 страна сум и мошне пријатно сум изненадена од содржината. Очекував да биде некој досаден историски роман, кој од момент на момент ќе те ,,пецне'' и заинтригира со содржината (читај Борџиите) и потоа повторно се враќа на монотоноста и досадата која те опфаќа за време на читањето. Се' уште не сум стигната ни до средината, ама сигурна сум дека нема да ја завршам разочарана од неа. Според критиките на интернет што ги прочитав во врска со истата и според мојот досега оформен впечаток се надевам на интересно временце поминато со книгава во рака.
^Тешко да бидеш разочарана, книгата е омилена на пола форум. Инаку јас продолжувам со нешто од Дајен Чембрлејн.
Јапонскиот Љубовник-Рани Маника Ја купив од саемот и конечно и дојде редот за читање. Сега за сега е одлична, стасав до 97 страна и се надевам дека до утре ќе ја прочитам
„Девојката на командантот“ од Пам Џеноф. Досега добра е, ми се допаѓа. Спојлер Се раскажува за животот на Евреите во Полска за време на Втората светска војна. Главен лик е Ема, Еврејка која што ја жртвува својата љубов кон сопругот за да помогне во движењето на отпор против Нацистите.