Хм, интересна книга, баш дека ја пишувала жена која и онака не смее многу да зборува. Ама, нели таквите кријат повеќе жар во себе Реално, книгата е вистинита, се се врти околу сексот и добриот оргазам , имаше еден многу добар пасус, кога ќе го најдам ќе го пишам. За срам, ма нееее, не поцрвенев, ама ја прочитав за саат и пол Инаку, сега ја читам Вистинско семејство, Тони Парсонс.
Јас моментално ја читам книгата Девојката со бисерна обетка од Трејси Шевалие ама некако не е како што очекував особено по толку добри коментари за неа.
И јас ја имам читано и да ти кажам право не ми се допадна па и нема некаква содржина и скоро до крајот не знаеш што представува насловот не ништо посебно
Пеколот - Данте Алигиери. Немаше ни во сон да ми падне самоволно да ја земам и прочитам, ама за лектира ни е.
Јас моментално ја читам Анастасија од Владимир Мегре .. книгава е стварно убава .... авторот ја опишува реалноста на животот и она што не опкружува .. Анастасија зборува за потеклото на видовите , предметите го опишува настанокот за светот
Одамна се спремав да започнам да ја читам и конечно дојде тој ден. „Девојката со бисерна обетка“ од Трејси Шевалие.
Мене па баш ми беше интересна. Воведната песна баш и не толку, ама Пеколот, сето тоа опишување на круговите.... прекрасно.
СУпер е книгата,браво за изборот... Јас моментално ја читам Пајаковата мрежа од Агата Кристи,мислам дека нема ништо неинтересно од оваа писеталка..
Страдањата на младиот вертер од Гете...треба да ја почнам за на училиште ми е..ајде кој ја има читано..нека ми каже брзо ли се чита или е некоја досадна па нема ни до пола да можам да ја прочитам...