Вероника реши да умре е една од најубавите кои сум ги читала инаку и Ана Каренина ја имам читано и таа е исто многу убава а моментално ја читам Никаде без ќерка ми од Бети Махмуди- вистинска приказна за суровиот живот на жена Американка однесена во Иран без своја волја..многу добра книга нема што... А пред неа ја читав Последниот воз за Истанбул о дАјше Кулин исто така могу добра книга, патем бестселер..
Ја зедов баш поради тоа што е од Џин Сасон и искрено имам високи очекувања од книгата такада се надевам нема да се разочарам
Јас бев импресионирана од Никаде без ќерка ми, преубава книга. Колку преубаво раскажува авторката, на моменти се замислував како да сум меѓу нив. Не знам дали знаеш има и снимано филм по книгата, го гледав, но книгата е секако поубава. Во секој случај го препорачувам и него.
Little Bee - Chris Cleave Многу интересен почеток, веќе се навлеков на книгава. Интересен е стилот на раскажување, толку е некако непосреден, мислиш си седнал со Малата пчеличка на чај и ти ја раскажува својата приказна. Може да се долови секоја нејзина емоција.