Cовршени планови - Cидни Шелдон 3нам, значи знам дека главните женски карактери во книгите му се тотално една налик друга (згодна девојка, со испапчени образи, бујни гради, витка става, најчесто се на висока позиција) и пак и пак го читам. Што има бре во книгиве на човеков што ме влече, њамам идеја.
Момчето во пижами на риги - Џон Бојн Во книгата се зборува за холокаустот гледан од детска преспектива. Досега ми се допаѓа.
Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ. Напишано на лесен јазик, интернационално-балканска приказна за балерината Ана Балинт. Ја почнав вчера, а веќе спискав 200 страници
Декамерон на Џовани Бокачо - лектира. Првите 20тина страни можам да ги објаснам само со ова смајли: .. но потоа станаа приказните многу поинтересни.
Принцезата на забави некако не ми е баш најј најј. Само што е почнав, ама не ми се бендисува, нема да е читам цела
Гордана Куиќ-На Балканот и дождот мириса поинаку. Многу убав роман за животот на едно еврејско семејство кое е преткаено низ главните ликови сестрите Рики и Бланки, сосем различни карактери во периодот од двете светски војни.Вреди да се прочита, многу е убав, ќе ве растажи и ќе ви измами блага насмевка.
Ана и францускиот бакнеж - Стефани Перкинс. Се раскажува за Ана Олифант, која против своја желба го остава дечкото, другарката и работата и заминува да се образува во Париз. А, таму го запознава Сент.... Толку! Само пофалби за книгава, барем до сега!