Моментално ја читам Ана Каренина. Прекрасна книга. Кој ја нема прочитано ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ја земи в раце
,,Mala nevesta"..прекрасно дело од Мирјам. Многу убаво пишува. Инаку јас ја читам прирачник за анти антиалкохоличари од Џамбазов...
Последната песна - Николас Спаркс Книгава ми е многу убава, стигнав скоро до крај и многу е тажна во последниве страни. Филмот во споредба со книгава е нула
Современи разузнавачки служби - Митко Котовчевски Шпионажа, контраразузнавачки служби, федерално истражно биро, тајна разузнавачка служба МИ-6, жандармерија, разузнавачки елементи на Копнената војска, Морнарицата, Военото воздухопловство и Корпусот на маринците... Моментално застанав кај Структурата и целите на разузнавачко-безбедносната заедница на Руската Федерација.
Шоља чај-Ејми Ефрон Елегантна приказна .И можноста од една шоља чај да се промени животот и да се роди нова љубов.
Jа баталив таа од Cидни, напорно ми е од компјутер да читам книга. Mоже ќе и се вратам за некоја недела, имам уште 200 страни . . . Cега почнав да ја читам 3лоба од Даниела Cтил.
Ден Браун, Дигитална тврдина И така ја затварам епизодата Ден Браун, ќе чекам нешто ново од мајсторов за трилери. Искрено оваа последнава сеуште не ме дрмнала толку силно колку другите негови романи.
Три метра над небото-и орманлно книгата е далеку далеку поубава од филмот..уште да го начекам вториот дел..а каде можам да ја најдам Страниците на нашата љубов, во Ку ја нема
Светот на Софија од Јустејн Гордер. A must за сите љубители на мудроста, да не речам филозофи. Цел учебник по филозофија за четврта година, како и многу други интересни информации од областа на историјата и физиката пренесени во роман на еден извонредно разбирлив јазик. И сето тоа е испреплетено со една интригирачка паралелна приказна за четиринаесет годишната Софија и некоја Хилда (Се уште не сум сигурна за што точно станува збор, но и да бев немаше да ви кажам. ). Прекрасна книга, ја препорачувам.
Можеш да ја најдеш во издание на ТРИ. Добра е? Ја имам прочитано шоља чај, ми се допадна па мислев да ја земам и оваа. Впечатоци?