Венчавка со Буда - Веј Хуј Обожавам да читам за животот и ставовите на лица од друга култура, нивните мислења за табу темите околу сексот на пр. Се чини како интересна книга. На самиот почеток сум, па ќе видиме како ќе се покаже.
Вероника реши да умре - Пауло Коелјо Одамна сакав да ја прочитам, ама не можев да ја најдам никаде. И сега конечно ми падна в раце, па уживам во секоја реченица од книгава. Прекрасна е.
Пирамида - Том Мартин На почеток сум и можам да кажам дека многу ми се допадна почетокот ... Значи книгата е мистерија .. по се изгледа дека ке се разоткрива некоја тајна важна за човештвото, која ја знаел само еден професор на универзитетот. Професорот го убиваат, а тој и остава писмо на својата најдобра студентка во кој и дава одредени информации ... Едвај чекам да прочитам за каква тајна се работи
Јас моментално ја читам Јулија од Ен Фортие. Си ја започнав на почетокот на летото а во меѓувреме прочитав уште милион други а оваа никако да ја завршам. И не! Не е дека не ми се допадна, туку баш спротивното. Не сакав да ја завршам одма. Парарeлни приказни. Една во денешно време а другата приказна од 1340 година. Рики и Јулето од Шекспир. То е то. Убава книга бе..
Книгава е напишана во чест на несреќно заминат близок од неговите другари. Само одреден број на луге ја имаат. Ние бидејки сме блиски со родителите на загинатиот ја добивме од нив.
Ја читам РИНГИШПИЛ од Ј.Б.Алимпиќ Преубаваааааааааа! Мајка ми истоа така ја прочита. На секои 10 страни плачеше. Јас не плакам многу, но постојано се ежам. Многу ме натажи прикрасната на Клара.
Школа на убавината од Кабул - Дебора Родригез Интересна е, дава многу информации за начинот на живеење на девојките во Авганистан. Убаво и живо го опшиува Кабул, со сите слики и мириси и прави да се почувствуваш како дел од таа атмосфера и приказна.