Мразам да оставам недочитани книги, ама воопшто не ми беше интересна Во постела со демонот. Направена е во стил на туторијал за писатели. Ја почнав „Последното предавање“ и сега за сега е супер.
Точно на пладне - Нора Робертс Спојлер Фиби Макнамара е полициски поручник и самохрана мајка на седумгодишно девојче. На дванаесет години доживеала траума, но продолжува со секојдневниот живот. Данкан Сфифт е среќлија кој добил на лото три милиони долари. Откако виде како Фиби вешто го спречи самоубиецот да скокне од кровот, решен е да ја освои таа жена. Интересна и возбодлива приказна. Нема да ве остави рамнодушни.
Бидејќи јас се уште читам лектири, сега ја читам Хакалбери Фин и многу ми е жал.. Ми иде да влезам во книгата и да го изнатепам татко му Иначе, книга како за повозрасни, мислам е Знаеш ли да чуваш тајна? топ книга прочитајте ќе се изнасмеете каква глупост ќе направи на почетокот
Едно лето во Италија- Луси Гордон Ми изгледаше некоја искулирана книга според насловот, ама е нешто како криминалистичка. Засега е супер
Музеј на невиноста-Орхан Памук. Има околу 700 страници, јас сум некаде околу 150-60, мислам дека има потенцијал