Дневниците на една дадилка - Eма Mеклафлин и Hикола Kраус A гледам имало и филм според книгава, Cкарлет Jохансон ја глуми дадилкава Hене, можам да замислам колку го има здосадено нејзиниот лик.
Затоа што те љубам - Гијом Мисо Книгава преубава е, баш ми е по вкус...Реална, сурова и со доза на мистерија.Вчера ја почнав - веќе сум до пола, ептен ми е интересна. Кој ја читал оваа, му ја препорачувам Што би правел јас без тебе, од истиов писател.И таа е напната, во еден здив се чита.
Купохоличарката и нејзината сестра. Си почнав со оваа купохоличарката и сакам сите да ги прочитам, само што во нашата библиотека само 3 дела има, се надевам ќе ги донесат и другите. Препорачувам на оние кои сакаат да читаат чик лит и сакаат да се смеат со Беки.