Фредерик Бегбеде - „399“ Според тоа што го прочитав за авторот, романов има доста автобиографски карактер, но ми се допаѓа затоа што го прикажува животот без шминка.
Се мислев што да читам, сакав да почнам чик лит, нешто од Џули Џејмс, ама видов дека сум ја почнала втората книга од фби серијалот, или како и да е, па сепак се одлучив за трилер, поточно за една книга за која има статија на сакам книги, па ми фати око. Исчезната девојка - Џилијан Флин Спојлер Еден од најактуелните трилери во 2012 година, речиси веднаш дојде до листата на Њујорк Тајмс бестселери и како преку ноќ да се здоби со илјадници интересни и позитивни критики. Па, љубопитна, посегнав и јас по него, да видиме зошто целата таа врева околу оваа книга. Бракот може да биде вистински убиец... Едно топло летно утро во Мисури, на денот кога Ник и Ејми прават пет години од брак, Ејми исчезнува. Подароците се подготвени, резервациите се направени, но Ејми одеднаш исчезнува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство. Траги од несмасно исчистена крв, ширум отворена врата, превртена маса, превртен плакар... Кога сите почнуваат да ја бараат неговата прекрасна, брилијантна и духовита жена - неверојатната Ејми - Ник не изгледа толку загрижено колку што би требало да изгледа еден маж чија сакана сопруга е киднапирана, можеби и мртва. Кога полицајците почнуваат да копаат подлабоко, сфаќаат дека Ник не изгледа толку наивно како што мислеле на почетокот, напротив, тој дури можеби и има мотив да ја убие. Читателот на оваа приказна, паралелно има можност да го чита дневникот на Ејми кој полицијата не може да го најде до половина книга и самиот си крои слика за неверојатната Ејми. Дали е Ник убиец на својата жена? Зошто би го направил тоа? Дали е Ејми толку прекрасна како што мислат сите околу неа или навистина му дала причина да ја нападне на некој начин? Оваа книга е навистина конфузна и сплеткана. Со интересни расплети и заплети низ 500 страници (што верувајте се непотребни за книгата, не ми е јасно зошто вештачки ги пумпаат со текст за да имаат повеќе страници кога е непотребно, никогаш нема да разберам...) ќе дојдете до прилично уникатен финален расплет и крај. Нешто што дефинитивно не сте го очекувале. Нешто што некому ќе му се допадне, некому не. Трилер со психолошки елементи, така најдобро би го опишала она што се случува во оваа книга и дефинитивно би се запрашала што се случува во главата на оваа авторка? Мислам дека човек треба да има некоја откачена жичка во главата за да напише ваква приказна. Читате и лудилото се чувствува во дел од ликовите, работите кои ги прават, дијалозите... Се надевам само дека се работи за генијална писателка за која е така лесно да се префрла од еден на друг тон на раскажување. Немам коментар и не можам да дискутирам без да ви го раскажам крајот. Ја читав оваа книга како идеја за преведување во Македонија, но книгата нема да биде преведена (барем не од страна на Сакам Книги), бидејќи генерално не е книга која ја сакам за нас. Не можам да речам дека е нешто посебно, не можам да си го објаснам крајот, не можам да ветам дека ќе им се допадне на сите читатели, а тоа е обично она што сакам да можам да го направам за сите наши книги. Со чиста совест, да кажам, прочитај ја оваа книга и нема да зажалиш. Како и да е, имате англиски верзии, можеби некој ќе ја преведе и кај нас, па доколку сакате, прочитајте ја оваа откачена книга и ќе дискутираме за уникатниот крај кој досега дефинитивно не сум го сретнала кај друга книга...http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... Itemid=104 Дефинитивно очекувам добра книга.
Ја читам Falling Blossom од Peter Pagnamenta и Momoko Williams. Приказната е просто фасцинантна.. Колекција љубовни писма помеѓу американски офицер и јапонка за време на Големата војна. .........................
Драги Џон- Николас Спаркс Го гледав филмот, па си викам оти да не ја прочитам и книгата, еве ја почнав па ќе видиме како ќе ми се допадне