Моментално ја читам "Заедно" од Џоди Пико. Љубовна приказна, која сега за сега ми е многу интересна, бидејќи не е како стандардните и не е една од книгите во која знаеш што ке се случи секоја следна страница...
Како вода за чоколада-Laura Esquivel Питко напишана,базирана на љубовта на Тита и нејзиниот зет,се уште ја читам... Ми доаѓа да земам нешто да зготвам од рецептите
Дојдоа на ред 50 нијанси. Книгава ми е да речам ужасна. Стилот на пишување е моронски, ко да е пишувана за благо ретардирани. Како, како една ваква книга е толку читана? За Америка и можам да разберам. На една страна, секоја реченица завршува, почнува или е вметнато некаде I blush. I blush, I blush, аман де, знаеме, ете поцрвенуваш, човекот е прекрасен, Бог, такви сиви очи, продорни, се што кажува е двосмилено, така се смешка, ах, ух, ох, оф... Леле. Не знам дали ќе ја дочитам книгава уопште.
Вадисрце од Борис Вијан. Не е за секого книгава, скоро и да е бизарна. Ама сепак и тоа е дел од нејзината маестралност.
Fifty Shades of Grey - EL James... Кој ли ме натера?! Освен сексот, се е толку плитко. И глупаво бре!