Само штп завршив со читање на А Потоа - Гијом Мисо и за разлика од останатите книги што му ги обожавам оваа би ја ставила на последно место
50 Нијанси на сиво- Е Л Џејмс Бестселер, па да ѕирнам дали зад добриот коњ се крева прашина или уште една американска бљувотина. За сега ми се допаѓа, брз развој на настаните. Мислам дека ќе им се допадне на оние кои ја имаат прочитано Венчавка со Буда или Шангај бејби.
50 shades freed E L James - третиот дел од трилогијата педесет нијанси. Spoiler Во 50 shades of darker се обрнува повеќе внимание на тоа зошто Кристијан е таков каков што е, и искрено според мене е далеку подобра од првиот дел, а во третиот дел Кристијан и Анастазија се веќе земени и започнува со нивниот меден месец
Моментално Пеколот од Данте Алигиери (дека ми треба за во школо не за друго). Иначе многу книги што сакам да ги читам остануваат непрочитано заради школските дела и лектири за обработка. За жал. Секој месец по една лектира а мегувремено и други дела кои исто така треба да се прочитаат како што сега ми е Пеколот. Напорно, премногу напорно. Забегав јас малце, се извинувам.