Спојлер Во 3та година имаш дупло поќе книги за читање, секоја недела по една, некогаш и две... Да не бидам оф топик Одбрани песни- Едгар Алан По
Делириум од Lauren Oliver, негде при крај сум. Навистина интересна приказна. Жанр - Dystopian, нешто во стилот на Hunger Games, ама мене лично оваа книга повеќе ми се допаѓа бидејки со начинот на објаснување писателката те тера да расмислуваш дека навистина би имало логика доколку општеството ни забега на ваков начин. Сега за сега 8/10.
Немам време за читање. Читам меѓу редови веќе. Се шегувам. Раскази во мало, раскази од повеќе автори, го приреди мојата професорка, и ми го подари последниот пат кога се видовме, па си уживам. Пред спиење ме занишкува.
Twenties Girl - Sophie Kinsella Колку само ми требаше едно вакво книгиче да ме насмее малку. Софи Кинсела нема утка, лесен хумор, забавни ликови...
11 минути од Паоло Коелјо Главен лик е младата Марија каде во потрага по среќата станува проститутка, оваа книга изобилува со еротски сцени, но всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси, преку сребата со другиот.