Жената на фанцускиот поручник - Џон Фаулс Веќе некое време ја читам но не затоа што е досадна (книгата е одлична), туку периодов немам време.
Питач пред вратата Веќе две недели ја имам кај мене,а сеуште сум на првиот дел.Се надевам ќе имам време да ја прочитам наскоро.
Копилето од Истанбул од Елиф Шафак. Убава е само што немам време да читам, веќе две-три недели ја макнам со мене.
Во моментов читам четири четива, Последниот воз за Истанбул - Ајше Кулин, А потоа - Гијом Мисо, Не пипај интимно је - Јасна Петков Стојановиќ и Крадат град - збирка колумни за Скопје 2014. Не можам да разграничам која ми е поважна да ја завршам па така си ги читам паралелно, знам дека да ги фатам една по една полесно ќе ми иде ама не можам да се откажам од ниедна, па така насабајле ја читам Возот, на работа Градот, после работа Јасна и пред спиење Мисо.
Божиќна ноќ во Харбор - Лиса Клипас Книгава случајно ја најдов и ја земав па ке видеме дали случајноста ќе се исплати....