Калуѓерот кој си го продаде своето ферари. Така ја пишува кај мене на корицата Од книжара Три ја купив минатата недела ама уште не е стигнала на ред за читање Уште 200 стр. ми останаа од Ќерката на чуварот на спомените, па после ќе ја почнам Ферарито Од Робин Шарма ја имам читано Кој ќе плаче кога ќе те нема, и многу ми се допадна како автор, сигурна сум дека и Калуѓерот е прекрасна книга.
госип грл ... неколку глави па огромното книгиште по биофизика поише си го глеам книгиштево ама ај исто ко да читам
Загубениот симбол- Ден Браун Не е лоша, ама за разлика од неговите претходни не ја прочитав во еден здив...цело време додека читам го имам чуството на веќе прочитана работа...авторот како да ја загубил инспирацијата.
Страници за нашата љубов - Николас Спаркс моментално ја читам а следна книга што ја имам земано е Јади, моли се, уживај дали можете да ми дадете критики за оваа книга??
Ја прочитав Страданијата на младиот Вертер, сега следна е авантурите на гордон пим... леле крај им нема на школскиве книги..мислам ке се оттарасам од нив дури следната година..за 3та и 4та има многуу Совршенство, има разни критики еве и на интернет читам, има полно на кои им се допаднала книгата, но има и такви кои викаат дека очекувале повеке и дека не ги бендисала баш.. знаеш дека книгата е автобиографија од писателката така? се зборува за нејзиниот живот... јас лично не сум фан на биографии посебно на писатели кои не ги знам многу, ке зеам сеа и ке им читам живот..како не =) али ако сакаш,прочитај си ја ти,и пиши како ти се допаднала.. еве линк накратко за неа.. http://matica.com.mk/eat-pray-love.htm
Па всушност и тоа е многу индивидуално дали ке ти се допадне или не ај ке прочитам па ке дадам свое мислење сепак не се надевам на нешто превише позз
Земав две книги од библиотека, и планирам прво да почнам со ,,Слободна како ветер,, од Мари Луиз Фишер. Некако сум во тој период кога се поврзано со љубовта ме интересира.
Еее баш сакав да ја земам неа денес, ама си реков филмот ми е гледан,(омилен филм ми е) друга ќе земам. Ја зедов "Фотографија" - Пенелопи Лајвли па еве ја отворам првата страница. Се надевам убава книга е
Јас уште кога станав ја почнав Афера од Аманда Квик.Одамна му ја мислам да ја прочитам и сега баш ме интересира дали џабе толку сум припаѓала за неа