Моментално со дечко ми ја читаме Норвешка шума на Мураками. Ем е ноември, ладничко е да се стуткаме Ем да виде што ми е омилено, и плус редно време е да влезе во мојот свет, мислам...
Моментално го читам првиот дел од автобиограФијата на Боб Дилан, "Хроники" во издание на ТРИ. Викендов ја читав "Идентитет" од Милан Кyндера, на англиски ја читав оти не можев да ја најдам на македонски. Ако некој знае дали е издадена на мак. нека ми каже, сакам и на мак да ја прочитам, мала е 150 страни. Милан Кyндера.. Книгите мy се закон...
Американска трагедија-Теодор Драјзер (сакав да се потсетам што толку ме фасцинирала во средношколските денови ,ме фасцинира и сега на 38 години
Господарот на пустината - Диана Палмер-конечно ја начекав и ја земав...па ек видам дали е толку добра како што е фалена...